16.8 C
Skopje
сабота, 22 ноември 2025
Дома Blog Страница 9874

Линдзи Вон ќе се трка и наредната сезона, ама само еднаш

Иако најави дека ќе се повлече од активното скијање на крајот на оваа сезона, сепак Линдзи Вон за осум месеци ќе го одложи своето пензионирање, и ќе учествува на една трка и во наредната сезона. Станува збор за учество на патеката во Лејк Луис, канадскиот центар во кој Вон викендов не можеше да настапи поради повреда.

Таа смета дека мора уште еднаш пред да ја заврши кариерата да се појави во омилениот Лејк Луис.

„Планирав да се тркам во Лејк Луис и мислам дека мора да се појавам таму како за крај. За некои луѓе мојата одлука е чудна, но мислам дека дека е правилна и има логика. Некои луѓе местото го викаат Лејк Линдзи поради мене, 18 пати сум победила таму“ – изјави 34-годишната Вон.

Рекордерката по број на победи во Светскиоот куп, минатата недела се повреди на тренинг во Колорадо и нема да учествува на првите шест трки во дусциплините спуст и супер-џи. Дебито може да го има во Сент Антон во Австрија на 12 и 13 јануари.

Ибра поради Гвардиола „се размина“ со титулите во Премиерлигата и ЛШ

И со 37 години, Златан Ибрахимовиќ е еден од најдобрите напаѓачи на светот, а во својата книга откри дека во 2010 година бил пред трансфер во Манчестер сити, кој тогаш му нудел огромна сума на пари.

Токму таа година е малерозна за Ибра, бидејќи Интер стана европски првак, а тој претходното лето си замина од миланските „неро-аѕури“. Да прифатеше да игра за Сити, веројатно ќе освоеше титула во Премиерлигата.

Во таа 2010, откако Ибра ја одби понудата (без негово знаење се преговарало помеѓу Барса и Сити) и остана во Барса каде се караше со тренерот Пеп Гвардиола (иден тренер на Сити), тимот од Манчестер го купи Един Џеко, кој прифати да биде резерва. Така нападот на „граѓаните“ го сочинуваа Тевес, Агеро, Џеко и Балотели.

Токму Босанецот Џеко како резерва, му помогна на Манчестер сити во 2011/2012 да стане првак, бидејќи во последното коло на незаборавниот дуел со Квинс парк ренџерс, даде гол за 2:2 на почетокот на судиското продолжение, најавувајќи пресврт, а во 94 минута Агеро даде гол за 3:2 и титула.

Ако тогаш Ибра играше за Сити, дали ќе имаше таква драма? Неколку години подоцна Ибра прејде во Манчестер јунајтед, но немаше среќа да освои Премиерлига.

Во Мадрид, навивачите на Ривер и Бока не се толку екстремни

Амбасадорот на Аргентина во Шпанија, Рамон Пуерта, викна кај него по неколку претставници на навивачките клубови на Ривер плејт и Бока јуниорс, да се смират тензиите и да се договорат да нема инциденти на 9 декември кога во Мадрид ќе се игра финалето на Копа Либертадорес.

Тензиите помеѓу двете групи сигурно ќе ги има, но со далеку помала жестина отколку во Буенос Аирес, а за да мине мирно, треба да придонесат и навивачите на овие два тима кои живеат во Мадрид. Се проценува дека во Шпанија живеат 250.000 луѓе со аргентинско потекло, и тоа е земја со најголема аргентинска заедница во светот. Од нив, голем дел се во Мадрид.

„Ова е шанса преку фудбалот на светот да му покажеме дека можеме да живееме во мир. Не знам каква порака да им испратам на Аргентинците кои ќе дојдат во Мадрид, бидејќи тие веќе се добро информирани, но важно е во светот да се покажеме во позитивно светло“ – порача амбасадорот.

Побарувачката на билети е толку голема (за 24 часа пристигнале 150.000 апликации), што ако им се дадат карти на сите кои сакаат, без проблем би се наполниле два стадиони како „Сантијаго Бернабеу“, но среќа да влезат ќе имаат само околу 80.000 луѓе. Откако се премести местото на одигрување на мечот, сега има многу повеќе барања за акредитации од страна на европските новинари.

 

Масимилијано Алегри: Нема божиќна прослава за моите фудбалери

Наместо вообичаена прослава на Божиќ, на 24 и 25 декември фубалерите на Јувентус ќе треба да тренираат и да се подготвуваат за гослтувањето кај Аталанта на 26 декември. Ова го кажа тренерот Масимилијано Алегри, пред денешната средба со Фиорентина.

Алегри сака Јуве да има огромна предност на крајот на декември, а потоа мирно да ја прослават новата година. „Старата дама“ и сега има одлична предност, победи на 12 од 13-те меча во Серија А, во Лига на шампиони имаат обезбедено осминафинале, но Алегри не се задоволува со тоа.

„Чудно е што треба да одиме во Бергамо на 25 декември. Ќе тренираме и на 24-ти на 25-ти декември, па ќе мора да изедеме што е можно помалку пандоро. Во Бергамо времето ќе биде студено и не смееме да јадеме премногу и да ризикуваме проблеми со стомакот. Иако титуката се освојува во мај, ние сакаме на 29. декември да бидеме први со голема разлика“ – изјави Алегри.

Пандоро е сладок леб, нешто како нашиот куглоф, кој е задолжителен на секоја италијанска божиќна трпеза.

Денеска Јуве гостува кај Фиорентина и нема да му биде лесно, бидејќи за „виолетовите“ ова е меч на годината. Во тимот на Јувентус се враќаат Бернардески и Де Шиљо, а во аут се Алекс Сандро и Кедира, додека Емре Џан е неизвесен. Можеби одмор ќе добијат Пјаниќ и Бонучи.

Овечкин стана 15-ти стрелец во историјата на НХЛ

Рускиот хокеар Александер Овечкин, погодокот во празната мрежа во финишот на натпреварот против Њу Џерси, му помогна на Вашингтон капиталс да дојде до седмата победа по ред, а тој лично стана 15-ти поентер во историјата на НХЛ лигата, најдминувајќи две канадски легенди.

Овечкин сега има 626 гола, со што зад себе ги остави Џо Сакиќ и Џером Игинла. Русинот има прилично помалку одиграни мечеви од нив двајца.

Следна цел на Овечкин ќе биде да го надмине Дејв Андрејчук кој има 640. Ако има ефикасна сезона, Алекс ќе може да го загрози и 13. место на Брендан Шанахан, кој кариерата ја заврши со 656 погодоци.

РЕЗУЛТАТИ: Флорида – Бафало 3:2, Вашингтон – Њу Џерси 6:3, Каролина – Анахајм 1:2, Калгари – ЛА Кингс 4:1, Колорадо – Сент Луис 2:3.

На несериозниот Камерун му ја одзедоа организацијата на африканското првенство

Камерун нема да биде организатор на Африканскиот куп на нации во 2019 година како што беше планирано. Вака е одлучено на маратонскиот 10-часовен состанок на Африканската фудбалска конференција во Акра (Гана), а причина е што многу се доцни со подготовките за настанот и изградбата на стадионите.

Не било можно одложување поради договорите со спонзорите, па морала да се донесе оваа драстична одлука, па Камерунците останаа без планираното домаќинство и ќе може да се кандидираат за некое од наредните изданија на првенството на црниот континент.

Проблем во Камерун е и безбедноста, поради ескалацијата на насилствата во југо-западниот и северо-западниот дел на земјата. После двете инспекции кои беа извршени во октомври, на Камерун не му беше дадено зелено светло.

Сега е отворен нов конкурс за домаќин на првенството кое треба да се игра од 15 јуни до 13 јули следната година и ќе биде прво со 24 учесници. Рокот на пријавување е крајот на декември 2018, а најголеми шанси му се даваат на Мароко, додека од позадина шанса чекаат Јужна Африка и Египет.

Дончиќ надигран од Леброн, но за две секунди му залепи две блокади (Видео)

Лос Анџелес лејкерс го совлада Далас маверикс, благодарение на расположениот Леброн Џејмс, но кога во првата четвртина Џејмс се најде под противничкиот кош и мислеше дека лесно ќе поентира, се појави „ѕид“ наречен Лука Дончиќ, кој двапати го ја изблокира суперѕвездата и си ја зголеми популарноста.

Погледнете како изгледаше тоа:

https://twitter.com/twitter/statuses/1068718702412136449

Сепак, на крај се гледа конечниот резултат, а тој беше во полза на Лејкерс. Дончиќ заврши со само 6 поени и неговиот придонес во нападот беше скромен.

Тексашкото дерби му припадна на Хјустон и тоа убедливо. Ерик Гордон даде седум тројки од 11 обиди, а дабл-дабл имаа Џејмс Харден и Клинт Капела. За Хјустон заврши серијата од четири порази по ред, додека Спарс имаат серија од два тешки порази по ред. „Мамузите“ сезонава дури четири пати примаат 135 поени, а во претходните 22 години, само двапати им се слуи тоа.

Најинтересно беше во Бруклин каде Мемфис славеше по дури две продолженија. Дебитантот Џерен Џексон даде 36 поени беше јунак на Гризлис. Тој со тројка во финишот на регуларниот дел, го одведе својот тим во екстра период.

Кајри Ирвинг во првите три четвртини даде 29 поени против својот поранешен клуб Кавалирс, а ветеранот Кајл Корвер дебитираше во дресот на Јута џез и погоди четири тројки.

РЕЗУЛТАТИ: Бостон – Кливленд 128:95, Шарлот – Јута 111:119, Детроит – Чикаго 107:88, Филаделфија – Вашингтон 123:98, Бруклин – Мемфис 125:131 (по две продолженија), Мајами – Њу Орлеанс 106:101, Оклахома – Атланта 124:109, Сан Антонио – Хјустон 105:136, Феникс – Орландо 85:99, ЛА Лејкерс – Далас 114:103, Портланд – Денвер 112:113.

Дерби победи за Црна Гора и Данска, Србија лесно ја совлада Полска

Во драматичен финиш Данска го доби скандинавското дерби со Шведска со 30:29 и ги почна натпреварите на Европското првенство во ракомет за жени со победа.

Претходно во првиот меч од А групата Србија неочекувано лесно се справи со Полска и прокнижи сефте бодови со триумф од 33:26.

Поранешната ракометарка на Металург, Катарина Крпеж-Шлезак беше најефикасна во победничкиот табор со 11 голови.

Во уште едно регионално дерби, овојпат во дуел на екс-југословенските републики Црна Гора ја победи Словенија со 36:32.

И тука доминираше ракометарка што има настапувано за македонски клуб. Поранешната вардарка, Јованка Радичевиќ со 7 голови беше најефикасна и ја предводеше Црна Гора до премиерната победа на ЕП. Во спротивниот табор и на мечот најефикасна беше Ана Грос со 8 голови.

 

НОВ ИНЦИДЕНТ: Фјури сакаше да го тепа Вајлдер уште на мерењето (Видео)

Донте Вајлдер и Тајсон Фјури во недела наутро во 3 часот по македонско време ќе се борат за шампионскиот појас во ВБЦ титулата. Нетрпеливоста кај двајцата боксери е повеќе од очигледна. Кога и да бидат во непосредна близина, има инциденти.

Така беше на вчерешната прес-конференција, така е и вечерва на мерењето на тежината на двајцата боксери. Прв на вагата застана Фјури кој е тежок 116,1 килограм. Потоа дојде ред и на Вајлдер, кој излезе во посебна маска. Вајлдер е полесен и тежи 96,1 килограм, односно е 20 килограми помалку од противникот.

За време на мерењето, Фјури постојано провоцираше и бараше физички контакт, како што имаше на нивните претходни три прес-конференции.

https://twitter.com/ShowtimeBoxing/status/1068621368340623360

Додека Фјури делуваше бесно и сакаше да се тепа, Вајлдер мирно стоеше и гледаше директно во противникот. Големиот број на обезбедување не дозволи да има инцидент и физички контакт меѓу двајцата борци. Шоуто сепак остана да се чува за недела рано наутро.

 

Бомба во лет на Жуниор Хоилет – Кардиф ги скроти волците (Видео)

Жуниор Хоилет постигна еврогол за победа на Кардиф против Вулверхемптон во првиот меч од 14. коло во Премиерлигата.

Канаѓанецот упати вистинска бомба кон голот на Руи Патрисио, а португалскиот голман беше немоќен. Ударот беше феноменален и погодокот на Хоилет ќе конкурира за најибав во 2018 година.

Претходно Мет Доерти со гол во 18. минута му донесе предност на Вулверхемптон, но волците беа скротени во Велс со пресврт.

Го најави Гунарсон со гол во 65. минута, а го потврди Хоилет со евроголот 12 минути подоцна.

https://twitter.com/RadioBetts/status/1068620692990627841