10.8 C
Skopje
сабота, 22 ноември 2025
Дома Blog Страница 9891

Гостиварец и битолчанец „тријат раце“, со мала уплата добија многу

Во Гостивар, во неделата попладне, уплатени се 40 денари на тикет на кој има 12 парови и добивката е 872.091 денари, со бонус од 201.251. Но одложувањето на средбата Ривер плате – Бока јуниорс, му ја скрати добивката, па за исплата ќе има 381.159 денари, што е огромна сума ако се знае дека уплатата е само 40 денари.

Овој гостиварец од една страна може да жали што не се играше во Буенос Аирес, со тоа ќе беше во игра за повеќе од двојно поголема добивка, но треба да биде и задоволен бидејќи доколку Ривер не победеше, тогаш ќе останеше со празни раце.

На ливчето се погодени 11 фудбалски парови. Погодокот на Кореа од Лацио во 94-тата минута му донесе голема радост и го остави во игра, а на дуелот Вилјареал – Бетис, каде што исто така му требаше гол-гол, гостите од Севилја погодокот го постигнаа во 90-тата минута. Не му одеше „мазно“ ниту прогнозираната победа на Марсеј кај Амиен, а стравувал до крај да не победи Сампдорија против Џенова.

ВО БИТОЛА УПЛАТА ОД 20 ДЕНАРИ БЕШЕ ДОВОЛНА ЗА ДОБИВКА ОД НАД ИЛЈАДА ЕВРА

Осум погодени парови на играта дека ќе паднат по 1-2 гола во прво и второ полувреме на битолчанец му донесоа добивка од 64.306 денари, со бонус од 5.846 денари, а мајсторијата е во тоа што вкупниот коефициент е голем бидејќи уплатата е само 20 денари.

Станува збор за осум фудбалски меча играни во саботата. На сите паѓаа голови во двете полувремиња, а квотите се движеа од 2.60 до 2.85.

Битолчанецот најмногу се израдува кога Генк даде гол во 96-тата минута за да биде погодена прогнозата дека ќе падне еден гол и во второто полувреме.

Тотенхем и Челзи брзо дадоа два гола во прво, па играчот имаше среќа што не падна уште некој погодок во првите 45 минути, додека ПСВ му даде два гола во вториот дел, иако имаше уште речиси половина час за играње.

Ниту еден тренер на Реал не го одработил договорот до крај

Да се биде тренер на Реал Мадрид е предизвик, но и висок ризик за сите стручњаци кои седнале на клупата на Кралскиот клуб во последните години. Не се памети кога за последен пат еден тренер го одработил договорот до крај, па сега Сантијаго Солари, кој има договор до 2021 година, се соочува со таква непријатна традиција.

Солари изгледаше како добро решение, и тоа не само привремено, но по првиот пораз од Еибар, веќе почна да се бара негов наследник за ова лето.

Враќањето на Флорентино Перес како претседател на Реал означи и почеток на серијата предвремени прекинувања на договорите со тренерите. Прв беше Мануел Пелегрини, кој доби отказ по убедливиот пораз од Алкоркон во Купот на Шпанија. Потоа во Реал дојде Жозе Мурињо, со кого патиштата им се разделија во 2013 година, иако договорот беше до 2016.

Со Карло Анчелоти тимот ја освои десеттата титула во Лигата на шампионите, но остана две сезони, иако имаше договор на три. Рафаел Бенитес издржа од јуни 2015 до јануари 2016, две години порано од истекот на договорот. Неговиот наследник Зинедин Зидан во август 2017 доби договор до 2020, но тој во мај ги изненади сите, па и Перес, и реши сам да се повлече.

Ниту на Хулен Лопетеги не му беше пишано да остане подолго од неколку месеци. Сега редот е на Солари.

Во двата мандати на Перес како претседател, само Висенте дел Боске го одработи договорот до крај, но во 2003 не му беше продолжен, иако го освои шпанското првенство. Кратки епизоди имаа и Кеирос, Камачо, Гарсија Ремон, Лушембурго и Лопес Каро.

Салах е кошмар за Ватфорд – Шест гола на три средби

Ливерпул во саботата ја оствари 10-тата победа сезонава во Премиер лигата, со убедливи 3-0 го совладаа Ватфорд. Мохамед Салах беше еден од стрелците за новиот триумф на „црвените“, а тоа беше неговиот шести погодок против овој премиерлигаш.

Ниту една екипа во англискиот шампионат не страда повеќе од Вотфорд во дуел против Египќанецот. Минатата сезона, својот дебитантски погодок Салах го постигна токму против „стршлените“ во ремито од 3-3, додека во повратниот дуел на „Енфилд роуд“, Ливерпул триумфираше со 5-0, а четири гола беа дело на голгетерот на „црвените“.

Ниту оваа сезона не испушти да им ја затресе мрежата. Салах ја отвори средбата во 67-мата минута, а потоа Александре-Арнолд и Фирмино ги осигураа бодовите.

Салах е кошмар речиси за сите екипи во Премиер лигата, но очигледно Ватфорд му е омилена кога станува збор за погодоци.

Провокацијата која предизвика гнев кај навивачите на Ривер (фото)

Реванш-натпреварот меѓу Ривер плате и Бока јуниорс дефинитивно нема да се одигра овие денови. По неколку презакажувања, одлучено е мечот да се одигра на осми декември, откако фудбалерите на Бока два дена по ред не сакаа да истрчаат на теренот, поради што нивниот автобус претходно беше нападнат од страна на навивачите на Ривер.

Во нападот имаше неколку повредени фудбалери, КОНМЕБОЛ вршеше притисок да се одигра мечот на „Монументал“ иако ситуацијата беше вжештена, на крајот, поради безбедносни мерки, средбата се презакажа.

За ривалството меѓу овие две екипи не треба да се зборува, „Суперкласико“ е едно од најголемите дербија во фудбалскиот свет, па колку и да е неспортски и нехумано, вакви ситуации и напади како да се очекувани.

Сепак, една фотографија покажува дека навивачите на Ривер не здивеле без причина. Тие беа предизвикувани и провоцирани од страна на еден од фудбалерите на Бока, Фернандо Гаго. На фотографијата јасно се гледа како Гаго со среден прст ги поздравува навивачите на ривалот, по што тие збеснаа и почнаа да фрлаат со предмети кон автобусот во кој беше тимот на Бока.

https://twitter.com/franale14rp/status/1066753597902385152?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1066753597902385152&ref_url=http%3A%2F%2Fsportklub.rs%2FFudbal%2FFudbal-ostalo%2Fa259076-Navijaci-Rivera-nisu-slucajno-poludeli-kriv-je-Gago.html

Марадона доби наследник, гол со рака или не? (Видео)

Дуелот од шпанската втора лига помеѓу Елче и Албасете предизвика големо внимание по социјалните мрежи бидејќи поделени се мислењата околу тоа дали погодокот на гостите во 17-тата минута е постигнат со рака или не. Албасете победи со 1-0, а голот му е запишан на Карлос Хавиер Акуња.

Сусаета ја нафрли топката, таа одеше кон голот и тука е дилемата дали станува збор за гол со рака или е голема грешка на голманот. Доколку Акуња каже дека ја чепнал топката со рака и го измамил голманот, ќе стане вториот најпознат таков пример во историјата на фудбалот, по Диего Марадона кој со помош на „Божјата рака“ даде гол против Англија во четврт-финалето на Светското првенство во Мексико во 1986 година.

Проценете сами дали е игра со рака или голмански кикс:

Хрватите ѝ посветија песна на Србинката која им судеше во Дејвис купот

Репрезентацијата на Хрватска по 13 години, го освои Дејвис купот во тенис, а радоста беше толку голема што ѝ беа благодарни и на судијката Маријана Вељовиќ. Крагуевчанката доби чест да суди ваков голем настан, а беше и среќна за селекцијата на Хрватска во Лил. Поточно, таа го судеше дуелот на Марин Чилиќ со Лук Пуј, на кој гостите си ја обезбедија победата.

Во текот на мечот, Вељовиќ исправи една грешка на линискиот судија и со тоа му направи услуга на Чилиќ, бидејќи линискиот судија пресуди во полза на Французинот. Оваа одлука беше бурно поздравена од навивачите од Хрватска, кои кога дознаа дека судијката е Србинка и дека се вика Маријана, почнаа да ја пеат познатата песна во која се спомнува името Маријана.

За тие што не знаат, рефренот на песната е: „Маријана, слатка мала Маријана, јас ќе те чекам додека не се разбуди денот, Маријана, слатка мала Маријана“.

„Патките“ се лесен плен за предаторите од Нешвил

Тимот на Нешвил брзо закрепна од дебклот на Сент Луис (6-2), па со слична мера настрада Анахејм дакс. „Предаторите“ триумфираа со 5-2, за вкупно 17-та победа, пред сè благодарение на Остин Вотсон со неговиот хет-трик.

Дилемите беа решени во последниот период, Нешвил прво искористи ситуација со играч повеќе за предност од два гола, а потоа Вотсон го забележа третиот гол погодувајќи празен гол.

 

Со идентичен резултат победија Тампа беј лајтнинг и Лос Анџелес кингс. Тампа беј ја реши средбата против „ѓаволите“ од Њу Џерси уште по првиот период кој го освоија со 4-1, додека „кралевите“ од ЛА во финишот го скршија отпорот на „нафташите“ од Едмонтон.

Калгари флејмс ја остварија единствената победа на гостинските екипи ноќеска, и тоа со убедливи 6-1 го совладаа тимот на Аризона којотс.

Стеф Кари од Вориорс е играч со најголема плата во НБА-лигата

Стеф Кари од Голден Стејт вориорс е најскапиот кошаркар во НБА-лигата според годишните примања кои ги имаат играчите во најсилната светска лига. Според објавените податоци, Кари во оваа сезона ќе заработи 37.457.154 долари, со што е најплатениот кошаркар.

Второто место го држи Расел Вестбрук со 35.665.000, а блиску зад него се Крис Пол и Лербон Џејмс со по 35.654.150 долари. Првата петорка ја заокружува Блејк Грифин со 31.873.932 долари.

Во наредната сезона 2019/20, Кари ќе биде прв со фантастични 40,2 милиони долари, а на второ место ќе избие Пол со 38,5 милиони, додека третата позиција ќе ја делат Вестбрук и Џејмс Харден со по 38,1 милиони.

Во 2020/21, ќе има неколку играчи со над 40 милиони долари годишна заработка, но Кари ќе биде предводник со 43 милиони, додека Леброн Џејмс дури во 2021/22 ќе земе над 40 милиони од ЛА Лејкерс.

Од европските кошаркари, најдобар договор во моментов има Никола Јокиќ со 25,4 милиони, кои од сезона во сезона ќе се зголемуваат за по два милиони.

Вучевиќ му го украде шоуто, а и победата на Џејмс во „Стејплс“ (видео)

ЛА лејкерс вчера го претрпе осмиот овосезонски пораз откако Орландо меџик триумфираше со 108:104 во „Стејплс центарот“. Гостите пријатно изненадија, особено црногосркиот центар Никола Вучевиќ, кој со 31 поен и 15 скока го украде шоуто.

Леброн Џејмс беше во непрепознатливо светло. Ѕвездата на „езерџиите“ се мачеше речиси во текот на целата средба, а во третата четвртина сосема потфрли. Џејмс не постигна ниту еден кош од игра, само едно слободно фрлање, а токму во тој период Орландо направи убедлива разлика. Иако Лејкерси успеаја да се вратат резултатски, не погодија клучен напад во последната минута, па Орландо даде два брзи коша и по втор патне им остави простор да домаќините да бркаат израмнување или евентуална победа.

Покрај Вучевиќ (31 поени, 15 скока), расположени беа Гордон и Рос со по 17, односно 16 поени. Кај поразените, Леброн даде 24 поени и седум скока, а Кузма постигна три поени помалку.

https://www.youtube.com/watch?v=jDNH2-P4PVg

 

Торонто влегува во сериозна серија од пет победи во низа, ноќеска настрада тимот на Мајами хит со 125:115. Канадската франшиза повторно ја предводеше Каваи Ленард, додека ветеранот Двејн Вејд потсети на неговите најдобри денови.

Крилото на Торонто заврши со 29 поени и 10 скока, а Сиакам придонесе за победата со 21 поен. Вејд постигна импресивни 35 поени, меѓутоа не можеше сам да спречи нов пораз на поранешниот шампион на НБА.

Резултати НБА:

ЛА лејкерс – Орландо меџик 104:108

Детроит пистонс – Феникс санс 118:107

Атланта хокс – Шарлот хорнетс 124:123

Бруклин нетс – Филаделфија севентисиксерс 125:127

Мемфис гризлис – Њујорк никс 98:103

Торонто репторс – Мајами хит 125:115

Сакраменто кингс – Јута џез 112:133

Портланд трејлблејзерс – ЛА клиперс 100:104

Хет-трик на Тован за победа на Марсеј (видео)

Марсеј со убедливи 3-1 славеше на гостувањето кај Марсеј. По двата последователни порази од Монтпелје (3-0) и ПСЖ(2-0), фудбалерите на Руди Гарсија вечерва сосема заслужено го остварија седмиот овосезонски триумф во францускиот шампионат.

Домаќините поведоа по осум минути игра преку Дибаси, а потоа на сцена стапи Флоран Тован.

Прво израмни на 1-1 во 26-тата минута, а за вториот погодок на средбата чекаше дури до 80-тата минута. Тован со мајсторија од слободен удар го најави пресвртот, а за хет-трик погоди во првата минута од судиското надополнување. Победата можеше да биде уште поубедлива, но Паје во 84-та минута промаши од белата точка.

https://www.dailymotion.com/video/x6xt9wa

https://www.dailymotion.com/video/x6xtafq