13.8 C
Skopje
сабота, 22 ноември 2025
Дома Blog Страница 9895

Ќе гори во Џенова – Навивачите со голема поддршка за Пандев и соиграчите (Фото)

Навивачите на Џенова во голем број пристигнаа на последниот тренинг за да им дадат поддршка на Горан Пандев и соиграчите пред денешното дерби со Сампдорија.

На „Луиџи Ферарис“, вечерва од 20.30 часот ќе играат Џенова и Сампдорија во секогаш жешкото градско дерби. Горан Пандев е во комбинација да биде во стартниот состав на едно од најголемите дербија во Италија, а навивачите беа присутни на последниот тренинг за да им дадат поддршка со победа да излезат од кризата.

Џенова е во незгодна серија од шест меча без победа, Сампдорија нема триумф на четири натпревари по ред, што не им остава простор за калкулации на двата тима во популарното „Дерби Дела Лантерна“.

Вечерва ќе се игра по 97. пат, а Сампдорија е поуспешна и има 37 победи. Џенова на 24 меѓусебни дуели ги има освојувано бодовите, а 35 меча завршиле нерешено. Гол-разликата е во корист на условно кажано гостите на денешниот меч со 115:97, па постои можност, ако игра Горан Пандев, да биде стрелец на стотиот гол за Џенова во големото градско дерби на Џенова.

 

Прилепчани редат покер против Шкендија

Шкендија е во победнички ритам, за час во вториот круг со серија успеси го презеде врвот на табелата од Вардар, но денеска од 13 часот ќе му гостува на најнезгодниот противник сезонава, на прилепска Победа.

На „Кукуш“ во Турново Победа ќе се обиде по четвртипат по ред годинава да го изненади актуелниот првак, откако почна серија победи против денешниот ривал во април и потоа уште двапати славеше и тоа како гостин во Тетово.

Денеска поради проблемите на прилепчани со стадионот повторно ќе се игра на неутрален терен, а амбициите на двете екипи во мечот од 16. коло се победнички.

Во второто дерби во Кратово, трикратниот првак Силекс ќе бие битка за бодови и избегнување на дното на табелата против најтрофејниот наш клуб Вардар. Двете екипи влегоа во кризен период и победа ќе значи многу.

Двојки, 16. коло, денеска од 13 часот:

Победа – Шкендија

Силекс – Вардар

Работнички – Македонија Ѓ.П.

Шкупи – Беласица

Ренова – Академија Пандев

 

Гостите се фаворити на овие мечеви, „двојките“ најреална опција

Борнмут – Арсенал (14:30 ч.)

„Топчиите“ никако не сакаат да се предадат во трката за едно од првите четири места во Премиер лигата. Ако сакаат да дојдат до еден бод зад Челзи, денеска ќе мора да победат. Имаат сериозен предизвик, играат на гости против тим кој знае да биде незгоден.

Во шест меча Борнмут има само еден пораз, но Арсенал знае како се победува на овој терен, па храбро би играле двојка за коефициент 2,05.

 

Амиен – Олимпик Марсеј (21 ч.)

Амиен е тим со далеку посиромашна историја и традиција од гостинот. Главна цел на домаќините сезонава ќе биде да обебзедат опстанок во елитното друштво. Марсеј загуби два пати во последните три кола и малку заостана во трката за второто место, бидејќи се знае дека за ПСЖ е резервирана челната позиција. Гигантот од Марсеј не смее да си дозволи нов кикс, па затоа коефициент од 1,83 е одличен предизвик за типување.

 

Емполи – Аталанта (15 ч.)

Ако се гледаат резултатите од последните пет меча во Серија А, само Јувентус има собрано повеќе поени од Аталанта. Емполи освои само девет бода од досегашните 12 средби и едноставно е во улога на аутсајдер на овој меч. Аталанта победи со идентични 0:1 на последните две гостувања кај овој ривал, па ништо чудно ако и трета сезона по ред заврши со 0:1. Коефициентот за „двојка“ е 1,80.

 

Алтах – Штурм (14:30 ч.)

Да беше Штурм во добра форма, тогаш ќе немаше дилема дека гостите се големи фаворити. Сепак, фактот дека Штурм нема победа на последните седум лигашки меча прави Алтах да се надева дека може да направи изненадување. Домаќините цеи 15 средби чекаат победа против овој ривал. Штурм сепак е поквалитетен, традицијата вели дека имаат 10 победи и пет реми во последните три години против Алтах, па затоа многу привлечно делува коефициентот 2,15 за победа на Штурм.

 

Венло – АЗ Алкмар (16:45 ч.)

Екипата на Венло е едно од најпријатните изненадувања во Холандија и е во горниот дел од табелата. Сепак, кога се работи за дуелите против АЗ Алкмар, противникот е апсолутен фаворит. На 12 од последните 15 меѓусебни средби, АЗ Алкмар победувал, а Венло само два пати успеал да ремизира и еднаш да го освои целиот плен. Двојката тука е со коефициент 1,85.

 

 

Гвардиола најави дека Сити ќе го преспие зимскиот пазар

Манчестер сити одлично напредува кон целта да ја одбрани титулата во Премиер лигата. „Граѓаните“ се лидери на табелата и уште немаат ниту еден пораз. Токму поради овој факт, тренерот Пеп Гвардиола вели дека е задоволен од моменталниот состав на играчи со кои располага и не му се потребни нови засилувања.

Шпанскиот менаџер планира воопшто да не се активира во зимскиот преоден рок кој трае во текот на цел јануари.

„Не, нема да трошиме пари за ниту еден играч. Задоволен сум од моменталниот состав, а треба и некои играчи да ни се вратат. Затоа и нема да купуваме нови играчи во зимскиот преоден рок“, најави Гвардиола.

Сити моментно има 35 поени, два повеќе од Ливерпул, додека третиот Тотенхем има 30 поени, по 13 одиграни меча.

 

Ковач последната шанса ќе ја има против Бенфика

Баерн Минхен вчера повторно разочара откако одигра 3:3 против Фортуна, тим кој се бори за опстанок во Бундес лигата. По еден таков срамен резултат, челниците на баварскиот гигант го „запалија црвеното светло“. Претседателот Ули Хенес најави дека нема да има промени додека не се одигра дуелот против Бенфика во Лигата на шампиони, но потоа е можно да има смена на тренерската позиција, каде е Нико Ковач.

„Во овој момент, тренерот не е предмет на анализа. Во вторник треба да одиграме тежок меч против Бенфика, а дури потоа ќе направиме анализа. Мораме да останеме смирени. Сега, најпрво треба да го обезбедиме местото во нокаут фазата од Лигата на шампиони, а потоа да седнеме и да видиме што ќе правиме понатаму. Тоа што ни се случи против Фортуна е недозволиво. Ковач сигурно ќе го води тимот против Бенфика, а потоа ќе разговараме и со играчите да ги прашаме зошто се овие слаби резултати. Играме лош фудбал, без инспирација. Тоа мора да се смени“, рече Хенес.

Баерн заостанува девет бода зад лидерот Борусија Дортмунд во Бундес лигата, но во Лигата на шампионите екипата е прва во својата група со 10 бода.

 

Марадона со ново шоу во соблекувалната го прослави пласманот во финалето од плеј-офот

Еден од најдовбрите фудбалери на сите времиња, Диего Армандо Марадона, ужива во успехот кој го прави како тренер во втората лига во Мексико. Марадона е на клупата на тимот на Дорадос, со кој ноќеска успеа да се пласира во финалето од плеј-офот за влез во елитната лига на Мексико.

Дорадос ноќеска загуби на гостувањето кај Хуарез со 1:0, но на крајот се радуваше, бидејќи првиот меч заврши со победа од 2:0 на тимот на Марадона. Со ваквиот резултат Дорадос стана првиот финалист во плејофот за пласман во првата мексиканска лига.

По завршување на мечот, веќе традиционално стана, во соблекувалната на Дорадос, токму Марадона да биде предводникот на славјето. Така беше и овојпат.

Пласманот на Дорадос во финалето е еден вид сензација, ако се знае дека тоа е тимот кој во регуларниот дел од сезоната заврши на седмото место на табелата.

Тренери се степаа по завршување на мечот (Видео)

Кошаркарскиот дуел од француското првенство меѓу По Ортез и Шалон имаше неочекуван крај. По Ортез победи со 101:96, а гостинскиот тренер едноставно не сакаше да се помири со фактот дека загуби.

По завршување на средбата, кога најчесто има спортски поздрав меѓу тренерите на двата тима, гостинскиот стратег реши нервозата за неуспехот да ја покаже врз својот колега. Откако се поздравија, гостинскиот тренер најпрво нешто му дофрли на домашниот стратег, а потоа и го оттурна. Веднаш потоа се вклучи помошникот тренер на домаќините и за кратко време се случи неред на теренот.

https://twitter.com/benduj/status/1066412149591945216

Неверојатен пропуст на полицијата ги предизвика сите нереди во Буенос Аирес (Видео)

Јужна Америка ќе почека додека го дознае новиот континентален владетел, бидејќи синоќешниот реванш дуел од финалето во Купот Либертадорес меѓу Ривер плата и Бока јуниорс, не се одигра. Причина за тоа е дивеењето на домашните навивачи пред мечот.

Првиот и најголем инцидент се случи кога автобусот со кои беа пренесувани играчите на Бока јуниорс, беше нападнат од фанови  на Ривер плата. Навивачите на Ривер фрлаа со секакви тврди предмети кон автобусот и успеаа да искршат повеќе стакла. Дел од скршените стакла повредија неколку играчи на Бока.

Кулминацијата се случи на влезот од стадионот, каде гостите беа нападнати и со солзавец. По овие напади, следуваше жестока пресметка меѓу полицијата и разулавените фанови на домаќините. Тројца гостински играчи мораа да одат во болница за да им бидат санирани повредите, а почетокот на мечот неколку пати беше поместуван, за на крајот да се одлучи дека нема услови за игра.

Според некои анализи, полицијата во голем дел е виновна за настанатите нереди, бидејќи решила автобусот со играчите на Бока да помине низ делот од градот каде што со часови претходно биле стационирани најверните фанови на Ривер.

Најавите се дека средбата треба да се одигра вечерва во 21 часот, но не се знае дали тоа ќе биде на стадионот на Ривер, бидејќи легендарниот „Монументал“ е затворен од градските власти. 

 

Нередите се претворија во грабежи низ Буенос Аирес (Видео)

Наместо фудбалски празник и добивање на новиот јужноамерикански клупски првак, синоќа во Буенос Аирес се случи вистински хаос. Навивачите на Ривер плата го нападнаа автобусот во кои се превезуваа играчите на Бока јуниорс, а потоа настрадаа и неколку фудбалери на гостите.

Тоа е причината поради која подоцна се случи вистински хаос околку, но и во стадионот, па мораше мечот да се одигра денеска со почеток во 21 часот.

Во хаосот кој синоќа се случуваше низ улиците на Буенос Аирес, се вклучија и луѓе кои не се навивачи на Ривер плата, но имаше и такви кои со дресови во бело-црвена боја правеа нешто што нема врска со фудбалот, кршеа и крадеа по автомобили.

 

 

Голден Стејт победи со кош на 5 секунди до крајот (Видео)

Откако за прв пар нанижаа четири порази по ред со Стив кер на клупата, Голден Стејт многу брзо се врати на победите. „Воините“ сега имаат два триумфа во низа. Ноќеска беше победен Сакраменто со 117:116. Во неизвесна завршница, НБА шампионот до победата стигна благодарение на поените на Клеј Томпсон постигнати на пет секунди до крајот.

Последниот напад го имаа гостите, но промашија и пропуштија да направат изненадување. Томпсон кој го даде решавачкиот кош, на крајот заврши со 31 поени, а прва ѕвезда на вечерта беше Кевин Дурант кој за 40 минути игра, реализираше 44 поени.

Кливленд повеќе не е најслаб тим во лигата. „Коњаницата“ прв пат сезонава спои два триумфа, откако со 117:108 беше подобра од Хјустон. Единствената победа на гостински терено ноќеска ја забележа Денвер и тоа на теренот на Оклахома, победувајќи со 105:98.

Резултати: Кливленд – Хјустон 117:108, Минесота – Чикаго 111:96, Оклахома – Денвер 105:98, Вашингтон – Њу Орлеанс 124:114, Далас – Бостон 113:104, Голден Стејт – Сакраменто 117:116, Милвоки – Сан Антонио 135:1298.