13.8 C
Skopje
сабота, 22 ноември 2025
Дома Blog Страница 9896

Затворен стадионот на Ривер! Не се знае каде ќе се игра финалето

Нема крај на сапуницата наречена финале во Купот Либертадорес. Ривер плата и Бока јуниорс вечерва требаше да го одиграат реванш мечот и да решат кој ќе биде новиот јужноамерикански првак, но тоа не се случи. Причина за тоа се нередите кои ги приредија навивачите на Ривер.

Домашните фанови првично ги нападнаа гостинските играчи, а потоа се случија големи нереди и околу стадионот „Монументал“. Неколку играчи на Бока јуниорс завршија во болница поради нападот, па по неколку саати размислување, беше решено финалето да се одложи за 24 часа.

Откако нередите продолжија, градските власти изненадувачки решија да го затворат стадионот „Монументал“. Тоа значи дека домот на Ривер е суспендиран и не се знае каде ќе се игра реванш дуелот кој треба да се игра в недела со почеток во 21 часот и по кој треба да се знае новиот јужноамерикански првак. Можно е од Ривер да добие парична казна за лоша организација, па доколку таа биде платена, мечот сепак да се одигра на местото на кое првично и требаше да се игра реваншот.

 

Навивачки стампеда во и надвор од стадионот (Видеа)

Никој не може да ја контролира ситуацијата на и надвор од стадионот „Монументал“ каде вечерва требаше да се игра реванш мечот од финалето во Купот Либертадорес меѓу Ривер плата и Бока јуниорс. ПОради нередите кои ги направија навивачите на Ривер и нападот врз фудбалерите на Бока, дуелот се одложи.

Одложувањето на мечот создаде дополнителен проблем. Вистински хаос завладеа на и надвор од стадионот. На една од снимките се гледа како претседателот на Ривер се обидува да даде изјава, но тој самиот прекинува со снимањето и бега, откако гледа како толпа народ неконтролирано трча.

https://twitter.com/TVDMolen/status/1066462564006141953

Ништо не беше подобра ситуацијата и пред стадионот, а полицијата со пендраци во рацете се обидува да воспостави ред.

 

 

Работата е вон контрола: Навивач на Ривер застрелан со гумен куршум (Видео)

Дел од улиците на главниот град на Аргентина, Буенос Аирес се во хаос. Навивачите на Ривер плата се во „војна“ со полицијата. Нередите започнаа при доаѓањето на автобусот со играчите на Бока јуниорс, кои требаше на „Монументал“ да го одиграат реванш мечот од финалето во Купот Либертадорес.

Откако беа нападнати гостинските играчи, низ улиците постојано има нереди и пресметки меѓу навивачите и полицијата. Според неофицијални извори, еден навивач на Ривер е погоден со гумен куршум, па дури тогаш се случил хаосот.

Дополнители нереди имаше по излегување на навивачите на Ривер од стадионот, откако беше јасно дека мечот ќе биде одложен.

Ако е се како што треба, реванш мечот од финалето на Купот Либертадорес, ќе се игра утревечер во 21 часот.

 

Аргентинска сапуница – Суперкласико ќе се игра утре од 21 часот

Суперкласико втор дел ќе се игра утре од 21 часот, а конечната одлука е со одобрение на челниците на јужноамериканската федерација.

Инцидентот што го направија навивачите на Ривер Плата со напад на автобусот со играчи на Бока јуниорс сепак имаше сериозни последици по фудбалерите на гостинскиот тим. Тие сепак ќе имаат време од еден ден да се вратат од шокот и да го играат реваншот во финалето на Копа Либертадорес, на полниот „Ел Монументал“, кој е дома на Ривер Плата.

И првиот меч беше одложен, па на „Ла Бомбоњера“, каде домаќин е Бока јуниорс првично не се играше во закажаниот термин, но тогаш причина беше големото невреме. Сега пак има одложување, но од многу посериозна причина, а тоа е атакот на домашните навивачи на автобусот со играчи на Ривер Плата.

Првиот меч заврши нерешено, 2:2, но во јужноамериканската Лига на шампиони, или како што се нарекува Копа Либертадорес, не важи правилото за повеќе голови на гости при израмнет резултат на двата меча, па реваншот и двете екипи ќе го почнат без предност.

 

Тевес: Вистината е дека сме приморени да играме

Една од најголемите ѕвезди на Бока јуниорс, Карлос Тевес вели дека тие не сакаат вечерва да го играат реваншот од финалето во Либертадорес купот против Ривер плата, но се приморани на тоа. Тевес беше еден од оние кои повраќаше, откако играчите на Бока беа нападнати со солзавец, при доаѓањето на стадионот „Монументал“.

Соиграчот на Тевес, Перес заврши со повредено око и тој сигурно нема да игра.

„Вистината е дека ние не сакаме да играме, но сме приморани. Перес има повреда на окото“, вели Тевес.

Играчите на двата тима излегоа да се загреваат. Стартот на дуелот е закажан за 23:15 часот.

Додека сите чекаат старт на средбата, пред стадионот има нови нереди.

 

(Видео) Дембеле и го чува врвот на Барселона – Атлетико не успеа да го прекине 10-годишниот пост

Атлетико Мадрид не успеа да го прекине 10-годишниот пост без победа против Барселона, а ги спречи Осман Дембеле со израмнувачки гол за гостите во 89. минута. Претходно Диего Коста со првиот погодок од февруари годинава му донесе предност на домаќинот.

Коста беше прецизен во 77. минута на асистенција на Гризман, но потоа на сцена стапи танедмот Меси и Дембеле. Аргентинецот одлично го проигра помладиот соиграч, а францускиот ас погоди за реми во самиот финиш од дербито.

Барселона остана на лидерската позиција со 25 бодови од 13 натпревари, Атлетико е вторпласиран со бод помалку, но Севилја може да ги прескокне и двете екипи, ако утре го победи Валјадолид на домашен терен.

https://twitter.com/ElevenSports_UK/status/1066443620637659137

https://twitter.com/FIFAWCGoals/status/1066446833172578304

Интер ќе преноќи до Јувентус

Интер имаше лесна задача и рутински ја заврши со победа од 3:0 против Фрозиноне, па од втората позиција ќе го чека расплетот на утрешните мечеви од 13. коло во Серија.

Кејта Балде се разигра постигна два гола за домаќините, а иницијативата што ја имаше Интер во текот на целиот меч со гол ја круниса и Лаутаро Мартинес.

Интер има 28 бодови, исто како и Наполи, но со меч повеќе, а двете екипи заостануваат за 9 бодови зад Јувентус, екипа која денеска го победи Спал со 2:0.

Забегана работа: Девојче го обвиткаа со факели да им помогне да ги прошверцуваат на стадион (Видео)

Работите дефинитивно се излезени од контрола во Буенос Аирес, каде уште се чека дали ќе се одигра реванш мечот од финалето на Купот Либертадорес меѓу Ривер плата и Бока јуниорс. Мечот требаше да започне пред повеќе од еден час, но засега е одложен, откако играчите на Бока беа нападнати при влегувањето на стадионот „Монументал“.

Навивачи на Ривер со солзавец и тврди предмети го нападнаа автобусот, при што беа повредени неколку играчи. Поради тоа мечот беше одложен за еден час, но и по тој поминат час уште не е започнат дуелот. Најновата информација е дека стартот е закажан за 23:15 часот.

За тоа како навивачите на Ривер се подготвувале за дуелот, покажува една снимка на која навивачка на овој клуб користи мало девојче да прошверцува поголемо количество на факели на стадионот. На телото на девојчето се залепени факелите, со надеж дека тоа нема да биде претресано при влезот на стадионот.

И Анри се израдува на победа – Ремек-дело на Фалкао за триумф на Монако

Радамел Фалкао постигна прекрасен гол од слободен удар, доволен за победа на Монако против Каен, прва откако Тјери Анри е тренер на клубот од кнежевството.

Во 55. минута голманот на Каен, Самба воопшто не мрдна на гол-линијата, по велемајсторскиот удар на Фалкао, а тој момент го реши и победникот.

Анри немаше победа на пет меча по ред, откако за првпат е тренер во некој клуб, а Монако беше во страшна криза. Се уште се претпоследни со само 10 бода на 14 натпревари, но победата вечерва против Каен им дава надеж дека ќе побегнат од зоната за испаѓање.

Играчите на Бока смртно исплашени, но ќе мора да играат во 23:15 часот (Видео)

Ново одложување на реванш мечот од финалето во Купот Либертадорес, но најавено е дека вечерва ќе се знае новиот првак на Јужна Америка. Според најавите, новиот термин за старт на мечот е 23:15 часот. Иако играчите на Бока јуниорс се смртно исплашени од тоа што го доживеаа при влезот на стадионот „Монументал“, сепак ќе мора да играат.

Дури и претседателот на ФИФА, Џани Инфантино имал состанок со челниците на КОНМЕБОЛ и претседателите на двата клуба, на кое било потенцирано дека мора вечерва да се игра поради телевизиските реклами кои се платени. Доколку Бока одбие да игра вечерва, Ривер автоматски ќе ја добие шампионската титула.

Тројца играчи на Бока беа повредени по нападот на автобусот на гостите. Најлошо помина капитенот Пабло Перез кој мораше да оди во болница, каде биле констатирани повреди на левото око. Тој вечерва сигурно нема да игра, што секако е голем хендикеп за гостите.