10.8 C
Skopje
петок, 21 ноември 2025
Дома Blog Страница 9921

Митровиќ се занесе, го испрати „Паненка“ преку гол (Видео)

Александар Митровиќ постигна еден гол за Србија против Црна Гора во мечот од Лигата на Нации што е во тек, но потоа и се посрамоти со обид да изведе „Паненка“ од белата точка.

Напаѓачот б иеше во добро познат стил, но ја испрати топката над голот. Пеналот беше сомнителен, се чини и дека немаше фаул, бидејќи Немања Матиќ сам си ја удри левата од десната нога, но беше досуден удар од белата точка, кој популарниот Митро-гол не го реализираше.

За среќа на неговата репрезентација предноста е голема, а Србија по еден час игра води со 2:0.

 

Ефикасно дерби во Велес – Борец ја победи Брегалница со 3:2

Борец успеа да најде победнички рецепт против Брегалница, славеше со 3:2 во дербито на 13. коло во Втората лига Исток и се зацврсти на врвот на табелата со 34 бодови, шест повеќе од Тиквеш.

Велешани поведоа со 2:0 со головите на Николовски и на Мирчевски во првото полувреме. Намали Велиновски за гостите од Штип, но Коцев во финишот со трет гол за Ботрец ги разреши сите дилеми околу победникот. Наумов во 87. минута успеа само да го ублажи поразот на гостите.

Тиквеш држи чекор со лидерот, денеска го победи Кит Го Пехчево со 1:0 и има 28 бодови, од 12 натпревари, колку што одигра и Борец.

Резултати, 13. коло: Борец – Брегалница 3:2, Тиквеш – Кит Го Пехчево 1:0, Детонит јуниор – Вардар Неготино 3:1, Партизан Обршани – Кожув 0:1, Саса – Плачковица 0:0.

Екс-вардарецот Прибак го урна Металург

Металург беше на прагот на успех против Бешикташ, одлично се држеше во текот на целиот меч, но Немања Прибак беше немилосрден и со последниот гол на натпреварот во Измит му донесе победа на домаќинот.

Тоа беше единствениот погодок за македонскиот репрезентативец, но и најважен за триумф од 23:22 за Бешикташ.

Рамазан Доне беше незадржлив со 9 погодоци за клубот од Истанбул, а за Металург најефикасни беа Марио Танкоски и Анте Токиќ со по пет погодоци.

По израмнетото прво полувреме (12:12), финишот беше возбудлив, а Металург имаше предност од 20:19, но не успеа да ја задржи предноста и го претрпе седмиот пораз во Лигата на шампионите во осмиот меч.

На Ипсвич не му се мрда од Чемпионшип, сезонава е опасна за англискиот рекордер

Ипсвич е рекордер во Англија според континуитетот со настапи во иста лига, а цели 17 години не мрдна од Чемпионшип. Секако тука не се сметаат екипите од Премиерлигата, туку во конкуренција се клубовите од останатите лиги на Островот.

Познатиот клуб, кој има учества и во еврокуповите последен пат играше во Премиерлигата во сезоната 2001/02 и оттогаш е член на втората по ранг лига на Островот.

Инаку Ипсвич има славна историја и е освојувач на пехарот во УЕФА купот во 1981 година, откако во двата финални дуели беше подобар од АЗ Алкмар и го освои трофејот.

Сезонава не им оди најдобро, убедливо се последни во Чемшионшип со само 11 бодови, по 17 натпревари и загрозен им е континуитетот од 17 сезони во низа со учество во иста лига.

Зад Ипсвич со 12 едноподруго настапи во Tретата по квалитет лига се наоѓа Волсал, а интересно е што и тимот на Езџан Алиоски, Лидс е на листата со 9 настапи едноподруго во Чемпионшип.

Ипсвич – 17 учества по ред во Чемпионшип

Волсал – 12 настапи по ред во Третата лига (League one)

Морекамб – 12 настапи по ред во Четврата лига (League two)

Дерби каунти  и Нотингем Форест по 11 настапи во серија во Чемпионшип

Лидс – 9 настапи во низа во Чемпионшип

Жорж Мендеш го нуди Фалкао на Реал Мадрид

Радамел Фалкао би можел да се врати во шпанската престолнина, неколку години откако го напушти Атлетико. Сепак, не се работи за враќање кај „јорганџиите“, туку неговиот агент Жорж Мендеш се обидува да среди преселба на својот клиент во редовите на Реал Мадрид, градскиот ривал на Атлетико.

Колумбиецот очигледно не може повеќе да гледа како неговиот Монако тоне во францускиот шампионат. Дури ни доаѓањето на Тиери Анри на клупата на „кнезовите“ не може да ги разреши проблемите во кои се наоѓа шампионот на Франција од сезоната 2016/17.

Дополнителна мотивација за заминување од Монако се финансиските проблеми на клубот. Иако во последниве неколку години направија огромен профит од продажба на неколку ѕвезди, клубот сепак, не може да го издржи финансирањето на „Ел Тигре“, кој со потпишувањето на новиот договор во 2017 година добива големи бонуси.

Неговиот договор важи уште една и пол година, но со оглед дека има 32 години, продажба на Фалкао за било која сума добро ќе легне на Монако. Фалкао од 2013 година настапи на 117 меча во сите натпреварувања за „кнезовите“, постигна вкупно 71 погодоци и 14 асистенции.

 

 

Адеми неизвесен за настап против Гибралтар

Непосредно пред почетокот на вчерашниот дуел против Лихтенштајн, Аријан Адеми беше отпишан за настап, откако претходната вечер претрпел проблеми со срцето. Селекторот Ангеловски по мечот ги образложи причините за неговото неиграње, па сега Македонија најверојатно без Адеми ќе ја пречека селекцијата на Гибралтар во Скопје.

Ноќта пред дуелот со Лихтенштајн, Адеми имал тахикардија и несоница, по што побарал да не игра. Сепак, и покрај измените во составот, Македонија успеа да слави со 2-0, но секако победата ќе беше послатка доколку овој проблем не се појавеше.

Во составот со сигурност нема да биде капитенот Горан Пандев, кој поради жолти картони е суспендиран со еден меч неиграње и ќе мора да почека да го запише јубилејниот 100-ти настап за нашата репрезентација. Спировски исто така е во „аут“ за овој меч поради повреда на коленото, додека во тимот се враќаат Елиф Елмас и Езџан Алиоски.

Најважно е сега Адеми што побрзо да закрепне и да го надмине овој проблем до дуелот со Гибралтар, па доколку Македонија издвои нов триумф, ќе ја добијат предноста на домаќин за полуфиналето.

Кјелини во клубот „100“ – 14 години по дебито за Италија

Џорџо Кјелини денес ќе прослави јубилеј во дресот на Италија, откако вечерва ќе истрча на теренот во мечот против европскиот првак Португалија. „Професорот“ за одбрана (како што го нарече Мурињо), ќе го запише 100-от настап за својата селекција, точно 14 години откако дебитираше за сениорската репрезентација.

17-ти ноевмри 2004 година, беше денот кога Кјелини за прв пат го облече дресот на Италија, во пријателски меч против Финска, а по 14 години на ист датум ќе го прослави јубилејот.

Кјелини така ќе стане седмиот репрезентативец кој настапил на 100 или повеќе натпревари за „аѕурите“. Пред него се: Џанлуиџи Буфон со 176 настапи, Фабио Канаваро со 136, Паоло Малдини со 126, Даниеле Де Роси со 117, Андреа Пирло со 116 и Дино Цоф со 112 настапи за Италија.

Средбата е закажана за 20:45 часот, ќе се игра на стадионот „Сан Сиро“ во Милано.

Вардар трага по сензација каде што никогаш не победил

Пред Вардар е нов тежок предизвик во Лигата на Шампионите. „Црвено-црните“ во 19 часот гостуваат кај Барселона, само една недела откако македонскиот првак во Скопје претрпе пораз од „каталонците“. За задача да биде уште потешка, вардарци ќе играат во неосвоивата тврдина „Палау Блауграна“, теренот на кој Барса нема доживеано пораз веќе три години, додека Вардар никогаш не успеал да слави во оваа сала – имаат седум порази на седум гостувања, последниот беше минатата сезона во февруари при конечни 29-28.

Барселона е неприкосновена пред своја публика. Сезонава забележаа три победи на домашен терен, против Веспрем, шампионот Монпелје и Келце. Последниот пад пред своите љубители, „каталонците“ го претрпеа токму од полскиот состав, а тоа се случи во 2015 година. На европската сцена во оваа сезона бројат шест победи, ги забележаа сите во низа по поразот во првото коло од Рајн Некар.

За Вардар дополнителен проблем е отсуството на Рожерио Мораеш, но останатите ракометари се во полн погон и ќе мора да го покажат своето најдобро издание, за да го избегнат третиот овосезонски пораз во ЛШ.

Натпреварот е закажан за денес, со почеток од 19 часот. Во 14 часот игра и вториот македонски претставник во Лигата на шампионите, екипата на Металург, каде во Турција гостува кај Бешикташ, во рамките од осмото коло.

ПРОГНОЗИРАЈ: Петта епизода од потерата за „самсунг А6“

Петтото коло од Спортската прогноза започнува денес. Три дуели кои се понудени за типупвање ќе се играат во термините од 18 часот, како и во 20:45 часот.

Прва средба е дуелот Турција – Шведска во рамките од Лигата на Нации, пар со кој можете добро да ја започнете прогнозата, а и потерата по главната награда, мобилниот телефон „самсунг галакси А6“. За вечерните термини се предвидени два дуели, дербито меѓу Италија и Португалија, како и средбата помеѓу Албанија и Шкотска.

Претходното коло беше досега најуспешно, дури пет прогнозери погодија 11 парови, но се уште ја чекаме правата 12-ка. Дали токму овој викенд ќе го добиеме добитникот на главната награда, останува да чекаме до понеделник.

Секако, ќе има и вредносни ваучери за сите кои до крајот на викендот ќе погодат 11, 10 или 9 парови на СПОРТСКА ПРОГНОЗА.

По успешната прогноза ќе ви се прикажат вашите типувања. Сите прогнози за тековното коло, вклучувајќи ја и вашата, можете да ги погледнете тука.

„Аѕурите“ сакаат реванш за септемврискиот пораз од Португалија

Лигата на Нации е супер натпреварување за добивки, денешните типстерски совети се наменети за средбите од ова натпреварување. На денешната програма се неколку интересни пресметки, а ситеочекуваме дека највозбудливиот дуел ќе биде меѓу Италија и Португалија.

Италија – Португалија (20:45 часот)

Роберто Манчини полека, но сигурно, ги составува коцките во селекцијата на „аѕурите“. По оној стартен триумф над Садусика Арабија во мај, Италија не можеше да оствари позитивен исход на пет меча по ред. Конечно, во октомври ја совладаа селекцијата на Полска со минимални 1-0 во рамките од Лигата на Нации, па сега четирикратниот светски првак има шанса да врзе две победи, доколку вечерва се радуваат на триумф против актуелниот европски шампион, Португалија.

Уште поголема е желбата за реванш, Италија во септември загуби со 1-0 од Португалците, но на „Сан Сиро“ сите очекуваат поинаков исход. Мотивира и тоа што против составот на Фернандо Сантош, не знаат за триумф веќе една деценија, последен пат ги совладаа Португалците во февруари 2008 година со 3-1, во меч од пријателски карактер.

Предлог тип: 1X & 2-3 (2.70)

 

Турција – Шведска (18 часот)

Турците ја украдоа победата на Шведска во нивниот последен дуел во Лигата на Нации. Од Стокхолм, Турција замина со цел плен, откако Акбаба во 93-та минута погоди за 3-2. Сега веруваат дека на домашен терен ќе имаат полесна задача, па ќе можат да нанесат и дополнителна болка на Швеѓаните, бидејќи ако ги совладаат, Шведска ќе претрпи испаѓање од сегментот Б, во сегментот Ц од Лигата на Нации.

Шведска никако не може да победи по елиминацијата од Англија на Мундијалот. Од тој меч, забележаа два порази и две реми во ова натпреварување, но и во пријателски натпревари, а денес ќе треба да се надминат себеси за да го одржат статусот на учесник во сегмент Б.

Предлог тип: 1-3I & 1-3II (2.03)

 

Србија – Црна Гора (15 часот)

Во дуелот на соседите, Србија со победа може да го завери своето учество во полуфиналето од сегмент Ц. По поразот од Бразил на Мундијалот со 2-0, српската селекција на следните четири средби издвои две реми и две победи, меѓу кои е и триумфот на гостувањето во Погдорица со 2-0.

Во улога на фаворит во групата 4, а во денешниот дуел, „орлите“ на стадионот „Рајко Митиќ“ во Белград се сигурни дека можат до нови три бода. Сепак, и Црна Гора има шанса за понатамошно учество во Лигата на Нации. Имаат само еден бод помалку (седум) од нивниот денешен противник, па денес ќе трагаат по изненадување и избив на првата позиција во групата.

Предлог тип: 1 & 1+I & 1+II (2.15)

 

Албанија – Шкотска (20:45 часот)

Албанија нареди два порази по почетниот минимален триумф над Израел. Токму од таа репрезентација го претрпеа последниот пораз, а и Шкотка претходно им го зеде скалпот. Денес имаат мисија – победа за одржување во живот на шансите за евентуален пласман во следната фаза, или ќе мора да прават математики во онаа подгрупа од третопласираните репрезентации во сегментот Ц.

И на Шкотлаѓаните не им е лесно. Само една победа на последните пет меча, токму против Албанија, не е серија која ја посакува селекторот Алекс Меклиш. Се наоѓаат во слична ситуација како нивниот денешен противник, но засега имаат подобра гол – разлика во групата каде што се заедно со лидерот Израел.

Предлог тип: 1-2I & 1-2II (2.85)

 

Aзербејџан – Фарски Острови (20:45 часот)

Азербејџан може да ги помати сметките на Косово во борбата за првата позиција во групата 3 од сегментот Д, доколку вечерва ги совладаат Фарските Острови, а Косово не издвои триумф на гости кај Малта. По четири средби во Лигата на Нации, селекцијата на Азербејџан забележа три реми и една победа, тоа беше во октомври токму против нивните денешни гости со убедливи 3-0. Сигурно ќе посакуваат ист исход и вечерва, за да оправдаат фавористската улога.

Предлог тип: 1 & T1 2+ (2.10)