10.8 C
Skopje
петок, 21 ноември 2025
Дома Blog Страница 9922

Меси и Погба на муабет во Дубаи (фото + видео)

Лионел Меси ја искористи репрезентативната пауза да се посвети на семејството, но и да прошета. За време на својот краток одмор во Дубаи, ѕвездата на Барселона наиде на Пол Погба, фудбалерот на Манчестер јунајтед, кој поради повреда на грбот не беше дел од селекцијата на Франција за вчерашниот дуел против Холандија во Лигата на Нации.

Додека неговата репрезентација губеше од „лалињата“, Погба се дружеше со Меси во турски ресторан во Дубаи, па си разменија неколку зборови.

https://twitter.com/utdxtra/status/1063558737355509768?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.givemesport.com%2F1417652-paul-pogba-and-lionel-messi-spotted-chatting-in-dubai-restaurant

Челзи го краде Пулишиќ пред носот на Ливерпул и Тотенхем

Челзи е на прагот да го договори трансферот на Кристијан Пулишиќ од Борусија Дортмунд. Младата американска ѕвезда ќе биде првата зимска аквизиција на „сините“, а за неговите услуги ќе издвојат 70 милиони фунти.

Како што најавуваат британските медиуми, Челзи има предност пред Ливерпул и Тотенхем во осигурување на потписот на Пулишиќ, кој одбива да потпише нов договор со „милионерите“, а негова цел е да заигра во Премиер лигата. Неговиот постоечки договор истекува во јуни 2020 година, па откако се изјасни дека не планира да остане долго во редовите на Дортмунд, управата одлучи дека е подобро да заработи од неговата продажба, отколку да го изгуби без отштета.

Пулишиќ сезонава настапи на вкупно 12 натпревари во сите конкуренции за Дортмунд, на кои запиша три погодоци и четири асистенции.

Кени Далглиш стана витез

Ексфудбалерот и поранешен менаџер на Ливерпул, Кени Далглиш, ја доби титулата Сер од страна на принцот на Велика Британија, Чарлс. Далглиш го прими одличјето на церемонијата која се одржа во Бакингамската палата. Титулата Сер ја доби за својот придонес во фудбалот, но и за редовно учество во донации.

Како фудбалер, Сер Кени беше дел од тимот на Ливерпул во освојувањето на три европски титули во период од седум години. Успешна кариера имаше и како предводник на „црвените“, како и Блекбурн роверс. Со помош на неговата за добротворни цели, Далглиш со неговата сопруга Марина успеа да собере над 10 милиони фунти, средства кои беа наменети за семејствата на жртвите кои ги загубија животите во трагедијата во Хилсборо.

Покрај Далглиш, на церемонијата свои одличја добија и актерот Том Харди, историчарката Луси Ворсли, фудбалерот на Бурнемаут, Џермејн Дефо и бизнисменката Џо Мелоун.

Зверев: Ѓоковиќ е на моја страна

Денешните полуфиналиња на АТП завршниот турнир ќе бидат интересни, а особено првото од 15 часот, во кое ќе играат Александар Зверев и Роџер Федерер, двајца тенисери кои се скарани.

Германецот кажа дека сезоната е предолга, а Федерер му врати оти треба да биде благодарен што има прилика да игра, и да земе одмор кога сака. Петтиот тенисер на светот, не му остана должен на Федерер.

„Федерер е постар, за него важат други правила. Тој поради годините може да прескокне два Мастерса, не мора да игра ниту на сите турнири од Серијата 500. Јас морам да играм на четири гренд-слена, девет мастерси и четири АТП 500 турнири. Играв дури и АТП 250. Не е проблем колку играме, туку имаме премалку одмор. Со мене се согласува и Ѓоковиќ, но не зборува многу на таа тема. Инаку, Роџер е неверојатен на ваква подлога во сала, очекувам интересен меч“ – рече Зверев во Лондон.

Ѓоковиќ вечерва се среќава со Кевин Андерсон, во реприза од финалето на Вимблдон.

 

Раниери со уникатен мотив за играчите на Фулам да не примаат голови

По освоената титула во Премиер лигата со тимот на Лестер, Клаудио Раниери сега повторно се врати да работи во Англија. Италијанскиот стратег е назначен за нов тренер на Фулам и сега ќе има многу поразлична задача. Ќе треба да се обиде да го спаси лондонскиот тим од испаѓање. Фулам игра очајно и во досегашните 12 меча има само една победа и две нерешени средби.

Раниери ги предупреди сите дека тоа што го направи со Лестер е вистинска приказна и дека сега работата е многу посериозна.

„Мора да работиме цврсто. Тоа што се случи во Лестер е бонус, вистинска приказна. Мора да го заборавиме тоа. Сега не е време да мислиме на чуда. Имаме една задача. Сите треба да бидеме како едно. И играчите, фановите, клубот“, рече Раниери, кој сепак реши да „украде“ дел од тактиката да за стимулација на играчите, како што правеше во Лестер.

Италијанскиот стратег посебно е загрижен за играта во одбраната. Фулам досега е со убедлива најслаба одбрана и прими 31 погодок.

„Фулам прима многу голови. Јас сум Италијанец и сакам мрежата да остане незатресена. Се надевам дека во одбраната ќе играме многу подобро. Сега најважен е резултатот. Кога бев во Лестер за да ги мотивирам играчите им велев дека ако не примиме гол, ќе може да јадат пица. Тука може да биде ако не примиме гол, играчите да може да јадат МекДоналдс“, најави дел од тактиките новиот тренер на Фулам.

Дембеле мора на лечење: Зависник е од видео игри

Вториот најскап фудбалер во историјата на Барселона, Усман Дембеле има големи проблеми и мора да оди на лечење. Не се тоа здравствени проблеми и болничко лечење, тулу лечење од зависност да се играат видео игри. Поради константното играње на видео игри, фудбалерот веќе има проблеми во тимот.

Неодамна задоцни на тренинг, а како изговор рече дека имал болки во стомакот. Клупските лекари веднаш го прегледале и констатирале дека лаже и дека е целосно здрав. Подоцна се открило дека Дембеле цела ноќ со другарите играл видео игри и затоа задоцнил на тренингот.

Од Барселона најавија дека ќе го пратат играчот да посетува психолог и дека веќе не смее да ги прави истите испади. Поради тие видео игри можно е Барселона да се откаже од Дембеле, за кого во ред чекаат англиските гиганти Ливерпул и Арсенал.

Касилјас подготвен ќе биде прв голман на Шпанија

Шпанија игра очајно посебно во одбраната. Тоа беше причината поради која „црвената фурија“ не стигна далеку на Светското првенство во Русија, а сега истиот проблем продолжува. Шпанија прими три гола за само едно полувреме прптив Хрватска и загуби, па сега стравува за тоа дали ќе остане на првото место во групата од Лигата на нации.

Шпанците сега се во исчекување на резултатот од мечот Англија и Хрватска. На „фуријата“ им одговара само нерешен резултат, за да останат лидери и да продолжат во полуфиналето од ова натпреварување. Како еден од главните виновници за лошите резултати е посочен голманот Давид де Хеа, кој на последните два меча прими дури шест гола.

Шпанскиот весник „Ас“ направи анкета за тоа кој голман е најсоодветна замена за Де Хеа. Дури 50 отсто од испитаниците мислат дека е време да се врати легендарниот Икер Касилјас. Со Икер на голот, Шпанија беше и европски и светски првак, а сега навивачите повторно го сакаат назад.

Во анкетата, зад Касилјас е Кепа од Челзи кој доби 40 отсто од гласовите, а Пау Лопез фигурира со само пет отсто од гласовите како можен наследник на Де Хеа. Касилјас има неверојатни 167 настапи за Шпанија.

 

Кавани прво го бакнуваше Нејмар, а потоа „му влезе“ како на душман (Видео)

Бразил го победи Уругвај со 1:0 во пријателски меч одигран синоќа на „Емирејтс“ во Лондон, а во центарот на вниманието беа соиграчите од ПСЖ, Нејмар и Единсон Кавани.

Во 76 минута, судијата досуди пенал за „кариоките“, иако пред фаулот, еден Бразилец играше со рака, па Уругвајците жестоко протестираа. Но, во таа мешаница, Кавани случајно го удри Нејмар со лакт додека овој се подготвуваше за изведување на ударот од 11 метри, па во знак на извинување го бакна во главата.

https://www.youtube.com/watch?v=yhZTT6Z290A

Но, како одминуваше времето, нервозата кај Кавани порасна, јужноамериканската крв зовре, па тој во 86 минута направи диста груб прекршок врз клупскиот колега, со кого пред извесно време имаа спор околу тоа кој треба да ги изведува пеналите во парискиот тим.

Ова е фаулот на Кавани над Нејмар:

https://www.youtube.com/watch?v=rFLD9yV1lpE

Филаделфија остана перфектна дома, Бостон е главен во неговата сала (Видео)

Бостон го победи Торонто со 123:116, во најдраматичниот меч одигран ноќеска во НБА лигата. Дуелот мораше да се решава во продолженија, откако по регуларниот дел беше 107:107. Торонто во поголем дел од мечот беше во предност, но Бостон не се предаде. на 25 секунди до крајот од четвртата четвртина израмни, а потоа го одбрани последниот напад на гостите.

Кајл Ирвин беше најзаслужен за победата на Бостон. Предводникот на домаќините заврши со 43 поени и 11 асистенции. Кога беше најпотребно токму Ирвин погодуваше. Во последните 8 минути од последната четвртина даде 17 поени и му го нанесе третиот пораз по ред на Торонто.

Предноста на домашен терен максимално ја искористува и Филаделфија. „76-ките“ се единствен тим со максимален учинок на свој терен. Во осмиот меч ја забележаа осмата победа, а овојпат беа подобри од Јута со 113:107.

Резултати: Бостон – Торонто 123:116, Индијана – Мајами 99:91, Филаделфија – Јута 113:107, Вашингтон – Бруклин 104:115, Мемфис – Сакраменто 112:104, Минесота – Портланд 112:96, Њу Орлеанс – Њујорк 129:124, Милвоки – Чикаго 123:104.

 

 

Паурич: Македонија не заслужи да победи

Селекторот на репрезентацијата на Лихтенштајн, Рене Паурич, вели дека Македонија постигнала нерегуларен прв погодок, но и дека според играта не заслужено се радува на трите бода во Вадуз.

„Првиот гол го примивме додека наш играч лежеше на тревата и се жалеше на повреда. Македонија не ја исфрли топката во аут, а во продолжение на таа акција беше досуден фаул за Македонија по која беше постигнат голот, а наш играч заработи црвен картон. Не е ферски да се победи на ваков начин. Ние одигравме добро и требаше да освоиме бод“, рече разочаран по мечот, селекторот на Лихтенштајн.