9.8 C
Skopje
четврток, 20 ноември 2025
Дома Blog Страница 9935

Завршува времениот договор на Солари, Реал е на потег

Сантијаго Солари е тренерот кој го прероди Реал Мадрид. По доаѓањето на аргентинскиот стратег, Кралскиот клуб едноставно излезе од криза. Четири победи во четири меча е билансот на Солари, кој принудно беше доведен од тимот Б на Реал. Солари го наследи Хулен Лопетеги и Реал повторно почна да победува.

Иако Солари не беше сериозна опција за тренер на европскиот првак, со четирите победи по ред, ситуацијата сега е променета. Реал денеска треба да донесе решение дали Солари ќе добие доверба да биде постојан тренер или ќе биде доведен нов човек на клупата.

Според правилата на Шпанската федерација, еден тренер смее максимум две недели да биде како „привремен“. Денеска е последниот ден на Солари и затоа Реал ќе мора да се реши. Со оглед на тоа дека нема некој сериозен кандидат како опција и одличните резултати на Солари, многу веројатно е дека Реал веќе го доби новиот постојан тренер.

Одбраната на Барселона е како „швајцарско сирење“

Барселона доживеа шокантен пораз на свој терен од Бетис примајќи дури четири гола. Ова е првпат во последните 15 години актуелниот првак на Шпанија на „Камп ноу“ дури четири пати да ја вади топката од својата мрежа.

Каталонскиот гигант веќе со месеци има проблеми со одбраната. Во Примера дивисион, Барселона цели 10 натпревари не успеа да ја сочува мрежата незатресена. Само за 12 средби, шампионот досега прими 18 погодоци, а толкав број голови во минатата сезона прими дури по 33 одиграни натпревари.

На вчерашниот меч против Бетис се случи кулминацијата на лошата одбрана на тимот на Ернесто Валверде. За првпат по 2003 година, Барселона пред своите навивачи прими четири гола, а заврши и серијата од 42 првенствени дуели без пораз на „Камп ноу“.

И покрај ваквата очајна игра во дефанзивата, Барселона е лидер во Примера со 24 бодови, пред триото Севилја, Атлетико Мадрид и Алавес, кои имаат по 23 бодови.

Вака се слави кога се чека титула цели девет години (Видео)

АИК од Стокхолм е новиот шампион на Шведска. Во последното коло, АИК на гости играше против Калмар и требаше да победи за да биде сигурно првак. Јансон погоди во 45-тата минута и тоа беше единствениот гол, доволен за победа на АИК.

Иако играше на гостински терен, АИК имаше поддршка од неколку илјади навивачи кои пристигнаа на трибините за да го бодрат својот тим до титулата. Последните 2-3 минути од мечот беше вистинска фешта. Гостинските навивачи дојдоа буквално до аут и голаут-линијата и чекаа судијата да даде знак за крај на мечот, па да почне славењето.

Во последните секунди, Калмар имаше корнер, а играчот на домаќините едноставно не можеше да го изведе ударот поради тоа што имаше премногу навивачи околу него.

За АИК ова е прва титула по пауза од девет години, а вкупно 12-та во клупската историја во шведското првенство.

Игуаин доби црвен картон и „здиве“, ни Роналдо не можеше да го смири (Видео)

Јувентус го доби дербито на „Сан Сиро“ против Милан со 2-0, а во центарот на вниманието беше Гонзало Игуаин. Некогашниот голгетер на Јувентус, а сега играч на Милан ја ги загуби нервите пред крајот на средбата. По еден дуел, Игуаин доби жолт картон, но откако започна да му вика на судијата, му беше покажан и црвен картон.

Тогаш започна шоуто на Игуаин. Почна да се кара со сите и не сакаше да го напушти теренот. Прв кој сакаше да го смири беше Кристијано Роналдо, но Игуаин го оттурна и него. Подоцна тоа му се случи и на Кјелини, а Игуаин нервозно мораше да го напушти теренот.

Роналдо, кој во шестиот меч што го играше на „Сан Сиро“ го постигна првиот гол, објасни што му рекол на Игуаин.

„Му реков да не претерува бидејќи така ризикува да добие уште поголема казна. Многу беше нервозен, ја загуби контролата, но не треба да го обвинувате. Ништо не кажа“, рече Роналдо, кој додаде дека е среќен што конечно дал гол на овој стадион и нормално што Јувентус победи.

Лејкерс во последната секунда ја победија Атланта (Видео)

Леброн Џејмс ги постигна последните поени на мечот за минимална победа на Лос Анџелес лејкерс против Атланта од 107:106. Сепак, Леброн не беше херојот за победата на Лејкерс. Таа улога му припадна на Тајсон Чендлер. Центарот на ЛА во последната секунда од мечот го блокираше Јанг, кој тргна да ја положи топката во кошот за триумф на Атланта.

Вистинска драма се случуваше во последните 20 секунди од мечот. Атланта водеше 106:105, а топката беше кај Леброн. Врз него беше направен фаул за две слободни фрлања. Кога се очекува дека „пеналите“ се најлесен начин за реализација, Леброн греши. Дури трет пат сезонава, во решавачките моменти не погодува слободни фрлања за победа.

За среќа, по утнатите слободни, со офанзивен скок, топката заврши кај Кајл Кузма, кој шутираше, но и тој не погоди. Е тогаш Леброн покажа зошто е прва ѕвезда во тимот и со офанзивен скок успеа со забивање да погоди за 107:106. Со 26 поени, очекувано, Леброн беше најефикасен кај победничкиот тим. Лејкерс за првпат сезонава има повеќе победи од порази (7:6), а Атланта остана само на три триумфи од 13 средби.

 

https://youtu.be/hkclf30VFhk

Милвоки е четвртиот тим кој стигна до 10 победи сезонава. Бакс на гости славеа со 121:114 и се веднаш зад Торонто на Источната конференција.

Резултати: Хјустон – Индијана 115:103, Њујорк – Орландо 89:115, Денвер – Милвоки 114:121, Портланд – Бостон 100:94, ЛА лејкерс – Атланта 107:106.

Кралска претстава на Реал во Виго, Солари продолжува да реди победи (Видео)

Реал Мадрид влезе во победнички ритам со новиот тренер Сантајго Солари, а вечерва полесно од очекувањата триумфално мина на „Балаидос“ во Виго.

Гостите славеа со 4:2 и сега се на само четири бода минус зад лидерот Барселона, иако се дури на шестото место во Ла Лига.

Солари има три победи по ред, откако беше назначен за кормилар на Реал Мадрид и тоа како привремено решение. По триумфот вечерва е се поблиску да добие шанса на подолг период како тренер на најтрофејниот европски клуб.

Реал поведе со 2:0, со голт на Бензема и автоголот на Кабрал, потоа намали Маљо на 1:2, но Рамос и Себалјос со еврогол го доведоа шпанскиот гигант до сигурент триумф.

Последниот гол на мечот за конечни 2:4 го постигна Мендез за Селта.

https://www.youtube.com/watch?v=CEHyDBNi23A

Веќе стана пракса, Јувентус пак го преслуша Милан (Видео)

Марио Манџукиќ и Кристијано Роналдо со по еден гол во мрежата на Џанлуиџи Донарума му донесоа мошне важна победа на Јувентус во дербито на 14. коло во Серија А.

Текот на мечот можеше да го смени Гонзало Игуаин, но напаѓачот на Милан на позајмица токму од Јувентус промаши пенал во 41. минута, при резултат 0:1.

Манџукиќ беше стрелец во 8. минута, потоа Игуаин промаши од белата точка, потоа Роналдо казни со погодок во 81. минута, а за да биде комплетно трагичар на мечот Игуаин се погрижи во 83. минута, кога беше исклучен.

Јувентус станува вистински кошмар за Милан и вечерва ја забележа шесттата победа по ред против големиот ривал.

Шампионот на Италија е и лидер со 34 бодови, а Милан остана на петтото место со 21 бод.

https://www.youtube.com/watch?v=gmeIV4TzREI

„Ла Бомбоњера“ е слатка за Ривер плата, Суперкласико прв дел заврши 2:2 (Видео)

Бока Јуниорс двапати водеше, но вечниот ривал Ривер Плата сега е во предност пред реваншот во финалето на Копа Либертадорес.

Првото Суперкласико во историјата на јужноамериканската Лига на шампиони заврши нерешено, 2:2 на легендарниот стадион на Бока јуниорс, Ла Бомбоњера“.

Домаќините двапати водеа и го доведоа до делириум своите навивачи, но головите на Абилја и на Бенедето не беа доволни за предност на Бока пред реваншот на „Монументал“. Атмосферата и таму ќе биде спектакуларна, а за тоа се погрижија Прато и Изгуердоз со автогол за реми, 2:2 вечерва.

Реваншот што ќе го крун иса новиот шампион на Јужна Америка ќе се игра на 24. ноември пред 66 илјади навивачи на Ривер Плата.

Двата клуба уште пред стартот на двомечот се договорија да нема гостински навивачи, ниту на „Ла Бомбоњера“, ниту на „Монументал“ за две седмици.

https://www.youtube.com/watch?v=gYXeWc0sSQI

Епска авантура, ракометарките од Галиција патуваа 43 часа до Краснодар и победија

Епска авантура и пат од неверојатни 43 часа минаа ракометарките на Атлетико Гвардес, а на крајот ги собраа симпатиите и се хероини на денот, по победата против Краснодар со 27:26.

Мечот е прв во финалната фаза пред пласман во групите на ЕХФ купот, а ракометарките од Галиција патуваа со сите можни превозни средства.

Тргнаа со воз од Гвилјареи до Мадрид, оттаму со авион до Истанбул, за потоа да имаат и патување со автобус. Стасаа на време во Краснодар и успеаја да победат со 27:26, па ќе имаат предност пред реваншот во Галиција на 18. ноември.

Супер ножички на Петковиќ, мрежата на Локомотива не издржа (Видео)

Бруно Петковиќ го постигна голот на сезоната во хрватската Прва Лига, со прекрасни ножички ја „скина“ мрежата на Локомотива Загреб и му донесе победа на Динамо во градското дерби.

Клучниот момент се случи во 15. минута, а Петковиќ одлично реагираше и постигна еврогол. Нашиот репрезентативец Аријан Адеми беше стартер и играше до 67. минута, кога го замени шпанскиот ас Олмо.

Динамо е единствениот тим во Хрватска без пораз и е лидер со 36 бодови, 8 повеќе од денешниот ривал.