9.8 C
Skopje
четврток, 20 ноември 2025
Дома Blog Страница 9936

Се тресе „Ла Бомбоњера“, за 60 секунди два гола на Суперкласико, Бока води со 2:1 (Видео)

Со еден ден задоцнување поради невреме во Буенос Аирес, вечерва се игра најголемото дерби во Јужна Америка, веројатно и на планетата меѓу Бока јуниорс и Ривер Плата, а по првиот дел домаќините водат со 2:1.

Легендарниот стадион на Бока, „Ла Бомбоњера“ се тресеше под притисокот на домашните навивачи, а кулминација имаше во 34. минута кога Абилја погоди за предност од 1:0.

Но, домаќините како да заспаа по голот, а тоа го искористи Прато и веднаш во следниот напад израмни на 1:1. Уште еден „земјотрес“ за огромна радост на навивачите на Бока се случи во 46. минута, кога Бенедето ја врати предноста на домаќините за 2:1 по првиот дел.

Според договорот на двата клуба во првото нивно финале во Копа Либертадорес, гостинските навивачи не се присутни на „Ла Бомбоњера“, а нема да ги има ниту на „Монументал“ на 24. ноември во реваншот, кога Ривер ќе биде домаќин.

https://twitter.com/Ladbrokes/status/1061701132937019393

Димитриевски конечно дебитираше за Рајо во Ла Лига

Столе Димитриевски конечно доби шанса да дебитира за Рајо Валјекано, во 12. коло во Ла Лига, а неговиот тим ремизираше дома, 2:2 против Вилјареал.

Официјалното деби за Димитриевски беше против Леганес во меч од „Копа Дел Реј“, а и тој меч заврши нерешено, 2:2, исто како и вечерва на официјалното деби во најсилната шпанска лига.

Рајо вечерва успеа да направи пресврт од 0:1 до 2:1, но Никола Сансоне со убав гол од далечина го изненади Димитриевски во 80. минута и му донесе еден бод на гостинот од Валенсија.

Во вториот меч вечерва Севилја со пресврт го победи Еспањол со 2:1.

Јовиќ е светска класа голгетер, балканска врска го декласира Шалке 04

Лука Јовиќ е прв стрелец во Бундеслигата со 9 погодоци, а до врвот стаса вечерва со два погодоци во мрежата на Шалке 04.

Младиот српски напаѓач е хит во Германија, исто како и неговиот клуб Ајнтрахт Франкфурт, екипа која ги има двајцата топ-стрелци во Лигата.

Шалке 04 загуби со 3:0 во Франкфурт, а го урна балканското трио, потпомогнато со францускиот шпиц Халер. Јовиќ на додавање на Анте Ребиќ го отвори резултатот во 61. минута, а 12 минути подоцна му асистираше соиграчот од српската репрезентација Филип Костиќ.

Печат на убедливата победа на „орлите“ стави Себастијан Халер во 81. минута. Французинот е втор стрелец во Бундеслигата, зад Јовиќ со 8 голови.

Во Серија А во исто време од 18 часот се одигра мечот меѓу Сасуоло и Лацио. Со голови во раната фаза, до 15. минута, мечот заврши нерешено, 1:1.

Хамилтон и со освоена светска титула не попушта – Најбрз и во Бразил

Луис Хамилтон со стил сака да ја заврши сезоната, а денес беше најбрз и на трката за Големата награда на Бразил. Иако дилемите околу светската шампионска титула се решени, Британецот ја оствари 10-тата победа оваа сезона на претпоследната трка од шампионатот.

Победата на Хамилтон воедно значеше и победа за тимот на Мерцедес, според рангирањето на конструктори.

Возачот на Ред бул, Макс Верстапен, одново се најде на подиумот, откако победи во Мексико, денес како второ пласиран ја заврши трката. Кими Раиконен со своето ферари заврши на третата позиција.

Рикирадо заврши како четври најбрз возач на оваа трка, петтото место припадна на колегата на Хамилтон, Валтери Ботас, додека Фетел се најде на шестото место.

На 25-ти ноември ќе се одржи последната трка за оваа сезона, а ќе се вози на патеката „Јас Марина“ во Абу Даби.

Манчестерското дерби во знакот на „граѓаните“

Сити победи на првото овосезонско манчестерско дерби против „црвените ѓаволи“ со 3-1. Актуелниот англиски првак не дозволи да се повтори сценариото од лани, во кое Јунајтед по два гола негатива направи пресврт од 3-2. Овој пат, фудбалерите на Пеп Гвардиола доминираа во текот на целиот меч.

Давид Силва веќе по 12 минути му донесе водство на Сити, и тоа беше единствениот гол во првото полувреме. Агуеро кон стартот на вториот дел погоди за 2-0, а Марсијал врати барем малку надеж за гостите откако ја затресе мрежата на Едерсон од белата точка во 58-та минута. Конечните 3-1 ги постави Гиндоган во 86-тата минута.

Сити со овој триумф одново се врати на врвот на табелата, со 32 бода, два повеќе од Ливерпул, додека Јунајтед со четвртиот пораз по 12 натпревари останува на осмата позиција со 20 бода.

Арсенал на „Емирати“ се спаси од пораз против Вулверхемптон при конечни 1-1. „Волците“ на големо изненадување поведоа преку Кавалјеро во 13-тата минута, додека Мхитаријан дури во 86-тата минута израмни на 1-1. „Волците“ во последната минута можеа да направат сезнација, но ударот од далечина на младиот Гибс-вајт заврши во дирекот од голот на Лено.

 

Стоп за Блокотехна, Гостивар со голем триумф се враќа од Гевгелија

Заврши победничката серија на Блокотехна по денешниот пораз од Гостивар со конечни 84:68. Гевгеличани беа изненадени од избраниците на Марјан Србиновски, кои со голем мотив дојдоа во Негорски Бањи и ја остварија третата победа сезонава.

Уште од стартот на средбата гостите ја направија првата иницијатива и ја контролираа топката. По освоените две четрвртини, Гостивар на пауза замина со седум поени предност при резултат од 37:30. Блокохетна во продолжението се обидуваше да се врати, со минимални 16-15 го освоија третиот период. Меѓутоа, Гостивар не дозволи да ја испушти тешко изборената предност, туку напротив, ја направија најголемата разлика од +13 во решавачкиот период.

Фурстингер одново беше најефикасен во составот на Гостивар, реализираше 25 поени, а му недостасуваше еден скок за да оствари дабл-дабл учинок. Костовски додаде 16 поени. Кај поразените, Гаидус со 23 поени беше најрасположениот кошаркар, 15 поени додаде Мијатовиќ, 13 Николиќ.

Кога не му оди на АЕК тука е Тричковски

Иван Тричковски постигна нов гол за АЕК Ларнака, веројатно и решавачкиот за победа против Алки Ороклини. Нашиот репрезентативец со прецизен удар во 50. минута ја отвори портата кон нов триумф на неговиот тим, а по него погодоија и Катала и Таулемесе за убедлива победа на гостите од 3:0.

Тричковски до неодамна беше повреден, пропушти два меча и на нашата репрезентација, но се врати со голови. Сезонава беше најдобар стрелец на АЕК во квалифиикациите за Европа Лигата со 6 погодоци и трет најдобар стрелец на патот кон историски пласман на клубот во фазата по групи.

АЕК сега има 16 бодови, на четвртото место, но со два меча помалку од конкурентите.

Вардарци го признаа поразот и најавија подобра игра на следните мечеви

Вардарци го признаа поразот од Барселона и најавија дека во следните мечеви ќе се обидат да ги корегираат грешките кои ги направија на денеска. Капитенот Стојанче Стоилов и тренерот Роберто Парондо му честитаа на противникот.

„Заслужена победа на Барселона. Ние им ја олеснивме задачата. Премногу технички грешки во првиот дел, а потоа во второто полувреме кога се обидовме да ги стигнеме, немавме среќа. На гостувањето во Барселона да ги поправиме грешките и да се обидеме да бидеме подобри“, рече на пресот по мечот, капитенот Стојанче Стоилов.

Слично е мислењето и на тренерот на Вардар, Роберто Парондо.

„Честитки за победата на Барселона. Одиграа одличен меч. Благодарам на нашите навивачи кои направија одлична атмосфера, но ние паднавме. Направивме многу технички грешки, а кога се игра против тим како Барселона, мора да се игра речиси перфектно за да се победи. Денеска ние тоа не го направивме и затоа загубивме. Имаме уште седум меча и ќе се обидеме да бидеме подобри“, рече тренерот на Вардар, Роберто Парондо.

Гостите задоволи си заминуваат од „Јане Сандански“.

„Многу сум среќен бидејќи не е лесно да се игра тука, на оваа атмосфера. Заслужено победивме. Започнавме одлично и ја диктиравме играта. Добро е што и во второто полувреме почнавме добро. Вардар е борбен тим и во текот на целиот меч се бори и сигурно следниот меч ќе биде многу потешко“, рече тренерот на Барселона, Чави Пасквал.

Голманот на гостите Перез де Варгас беше еден од најдобрите на теренот.

„Успеавме во текот на целиот меч да бидеме фокусирани за тоа што требаше да го направиме. Сакавме да победиме на вака жежок терен. Среќни сме за победата и мора да продолжиме во ист стил и на следните мечеви. Вардар во реваншот сигурно нема да ги повтори истите грешки и затоа не смее да се опуштиме и на дуелот во Барселона“, рече Де Варгас по денешната победа во Скопје.

Вардар се сака и кога губи (видео)

Вардар го загуби мечот против Барселона со 30-26 во СЦ „Јане Сандански“. Но, и покрај поразот, навивачите на „црвено-црните“ се потрудија да ја ублажат болката.

Може да се каже дека успеаја во тоа, бидејќи цела сала буквално „грмеше“ за македонскиот првак.

Вардар се удри во блокот на Барселона

Барселона е првиот тим кој сезонава си заминува победнички од „Јане Сандански“. Најтрофејниот европски клуб славеше против Вардар во Скопје со 30:26, во дербито од 7. коло на Лигата на шампиони. Со оваа победа, Барселона останува осамена на врвот на табелата во А групата со шест победи и еден пораз, додека за Вардар ова беше втор неуспех, а прв пред своите гледачи. „Црвено-црните“ останаа на 10 бода, колку што имаат и Рајн-Некар и Киелце.

Дибиров со шест гола беше најефикасен кај Вардар. Кристопанс погоди пет пати, а Чупиќ беше стрелец на четири гола.

Барселона поведе со 1:0, а Вардар успеа да израмни на 1:1, што беше и единствен нерешен резултат на мечот. Гостите со серија од 4:0 стигнаа до предност од 5:1 во 8 минута. Чупиќ од пенал и двата гола од контра напади на Дибиров беа доволни за 4:5, а Барселона потоа погоди за 6:4. Вардар намали на 5:6, а потоа „црвено-црните“ имаа 2-3 напади за да израмнат, но не погодија.

Во 15 минута беше 7:6 за Барселона, која со серија од 3:0, повторно стигна до четири позитива (10:6). Борозан погоди за 7:10, но повторно со нова серија од 3:0, гостите стигнаа до најубедливи 13:7 во 28 минута. Во последните две минути Вардар со два гола намали на 9:13 за задржување на надежите.

Барселона во второто полувреме продолжи во ист ритам. Брзо повторно стигна до плус 6 (16:10) и оваа позитива ја оддржуваше без проблем. Во 45 минута, гостите за прв пат стигнаа до седум гола предност 16:23, а до крајот на мечот искусен тим како Барселона не дозволи никакво изненадување и покрај одличната атмосфера која ја создадоа околу 7.000 навивачи на Вардар.