Вака се слави кога се чека титула цели девет години (Видео)

АИК од Стокхолм е новиот шампион на Шведска. Во последното коло, АИК на гости играше против Калмар и требаше да победи за да биде сигурно првак. Јансон погоди во 45-тата минута и тоа беше единствениот гол, доволен за победа на АИК.

Иако играше на гостински терен, АИК имаше поддршка од неколку илјади навивачи кои пристигнаа на трибините за да го бодрат својот тим до титулата. Последните 2-3 минути од мечот беше вистинска фешта. Гостинските навивачи дојдоа буквално до аут и голаут-линијата и чекаа судијата да даде знак за крај на мечот, па да почне славењето.

Во последните секунди, Калмар имаше корнер, а играчот на домаќините едноставно не можеше да го изведе ударот поради тоа што имаше премногу навивачи околу него.

За АИК ова е прва титула по пауза од девет години, а вкупно 12-та во клупската историја во шведското првенство.

- Оглас -

Најнови вести