Завршува времениот договор на Солари, Реал е на потег

Сантијаго Солари е тренерот кој го прероди Реал Мадрид. По доаѓањето на аргентинскиот стратег, Кралскиот клуб едноставно излезе од криза. Четири победи во четири меча е билансот на Солари, кој принудно беше доведен од тимот Б на Реал. Солари го наследи Хулен Лопетеги и Реал повторно почна да победува.

Иако Солари не беше сериозна опција за тренер на европскиот првак, со четирите победи по ред, ситуацијата сега е променета. Реал денеска треба да донесе решение дали Солари ќе добие доверба да биде постојан тренер или ќе биде доведен нов човек на клупата.

Според правилата на Шпанската федерација, еден тренер смее максимум две недели да биде како „привремен“. Денеска е последниот ден на Солари и затоа Реал ќе мора да се реши. Со оглед на тоа дека нема некој сериозен кандидат како опција и одличните резултати на Солари, многу веројатно е дека Реал веќе го доби новиот постојан тренер.

- Оглас -

Најнови вести