3.8 C
Skopje
понеделник, 17 ноември 2025
Дома Blog Страница 9975

Лопетеги го водеше тренингот на Реал за последен пат

Хулен Лопетеги професионално си ја изврши работата и се појави на денешниот тренинг на Реал Мадрид, кој се подготвува за дуел од Купот на Шпанија во среда. Тренерот на кого во наредните часови и официјално треба да му биде врачен отказ, работеше нормално, иако уште од синоќа сите шпански медиуми објавија дека Антонио Конте ќе биде негов наследник.

На дуелот со Мелиља во среда, на клупата на Реал би требало да биде Сантијаго Солари, а потоа се очекува работата да ја преземе Италијанецот Конте.

Лопетеги по поразот од Барса, во соблекувална се поздравил со фудбалерите, па овој тренинг претпладнево ќе му биде и последен со Реал. Бордот на директори попладне треба да ја потврди одлуката на претседателот Флорентино Перес за разделба со тренерот.

Војдан и Олденбург се хит во Германија

ЕВЕ баскетс од Олденбург е најпријатно изненадување сезонава во кошаркарската Бундеслига, а заслуга за успехот има и македонскиот репрезентативен капитен Војдан Стојановски, кој по неколку сезони, се врати во германската лига и добро му оди.

Викендов Олденбург го совлада Франкфурт со убедливи 91:67, а Војдан беше во почетната петорка и придонесе со 11 поени и три скока. Просекот на Стојановски сезонава во германскиот шампионат е 10,5 поени и 3,5 скока за 22,8 минути игра, а двојките и тројките ги погодува со над 50 отсто реализација, додека од линијата за слободни има 88,9 проценти успешност.

По четири кола, непоразени се Баерн Минхен, Алба Берлин, Бросе баскетс од Бамберг и Олденбург.

Свитолина со најдобар пласман на ВТА-листата во кариерата

Напредокот на Елина Свитолина од седмото на четвртото место е најголемиот скок за еден тенисер или тенисерка од првите 10 на светот на најновото рангирање во машка и женска конкуренција. Украинката која го освои завршниот Мастерс за жени сега е четврта, и тоа е нејзин најдобар пласман во кариерата.

На сметка на напредокот на Свитолина, за едно место назадуваше, Наоми Осака која сега е петта, а Петра Квитова отиде две скалила подолу и на денешното рангирање е седма. Македонката Лина Ѓорческа е на 486-тото место, падна за една позиција, но наредниот понеделник таа би требало да напредува, со оглед на добрите игри во Истанбул неделава.

Кај мажите нема измени на првите пет позиции. Шести е Кевин Андерсон, кој оствари скок од две места, додека по една позиција паднаа Марин Чилиќ и Доминик Тим. Од Македонците, најдобро стои Томислав Јотовски на 716-тото место, а во топ 1000 е и Горазд Србљак, кој е на 998-мото место.

Гвардиола: Згрешив кога реков дека Тотенхем е „Хари Кејн тим“

Тотенхем и Манчестер сити ќе го заокружат десеттото коло во Премиер лигата со дербито кое се игра вечерва од 21 часот. Во пресрет на новото тешко гостување на „граѓаните“, менаџерот Пеп Гвардиола смета дека важно е неговиот тим да освојува бодови во овие дуели, но воедно призна дека направил грешка кога Тотенхем го нарече „Хари Кејн тим“.

„Ова ќе ни биде трето гостување кај тим кој се бори за шампионската титула. Веќе игравме со Арсенал и Ливерпул на гости, според мене, бодовите се многу важни од овие пресметки. Тотенхем е кандидат за титулата и не толку лесно губи бодови, што значи дека ние ќе треба да одиграме на високо ниво за да издвоиме победа. Тотенхем ме натера да ги повлечам зборовите кога реков дека тие се ’Хари Кејн тим’, покажаа дека се опасни и кога Кејн не е во голгетерска форма “, истакна Пеп.

Со 23 бода, Манчестер сити засега стои на третата позиција на табелата, Тотенхем има два помалку и е на петтото место.

Ливче уплатено во Хром има добивка „гром“

Комбинација од погодени типови и број на голови на 14 натпревари на еден прогнозер, кој ливчето го уплатил вчера претпладне, во SPORT LIFE во скопската населба Хром, му донесе добивка од над 158 илјади денари, и тоа за уплата од 110 денари.

На ливчето има прогнози од типот 1Х и гол-гол, а има и двознаци, како и конечни типови. Најголема заслуга што ливчето е добитно има Мертенс од Наполи. Со голот на Белгиецот за 1-1 во 90-тата минута, играчот погоди дека на мечот Наполи – Рома домашните нема да загубат и дека ќе паднат барем два гола.

Една од покритичните средби му била онаа на ЛАСК Линц и Салцбург, каде што прогнозирал дека домашните нема да загубат, а Ред Бул водеше со 2-0. Сепак, домашните направија пресврт и мечот заврши 3-3. Порто во 80 минути му помогна да фати дека ќе има 2-5 гола, како и Ајакс, кој на десет минути до крајот за 3+.

СО 20 ДЕНАРИ УПЛАТА, ДОБИВКА ОД НАД 1.000 ЕВРА

Во Тетово, уплатата само од 20 денари, на еден играч му донесе добивка од 68.218 денари. Овој тетовчанец погодил 14 парови, а ливчето е уплатено во саботата попладне. На ливчето се наоѓаат мечеви од дури десет различни лиги и се гледа дека е направен добар избор што да се игра. И тука има микс од конечен тип во комбинација со број на голови. Коефициентите се движат од 1.60 до 2.08.

И МАЛИТЕ ЛИГИ НОСАТ ГОЛЕМИ ДОБИВКИ

Во Ѓорче Петров, еден играч со 40 денари уплата, направил ливче кое носи 66.597 денари, а за негова среќа, тикетот е добитен. Во системот погодени се 11 парови, и тоа претежно од не толку популарни лиги. Тука прогнозите се дека на тие 11 меча, во двете полувремиња ќе паднат од еден до три гола.

Ова се четворицата што загинаа заедно со газдата на Лестер

Освен тајландскиот милијардер Вишај Шриваданапраба, кој е сопственик на фудбалскиот клуб Лестер, во хеликоптерската несреќа во саботата вечерта загинаа и неговите пријатели Кавепорн Пунпаре и Нурсара Сукнамаи, како и пилотот Ерик Свафер со партнерката Изабела Роза Лехович.

Пилотот Свафер имал 20-годишно искуство на управување со приватни авиони и хеликоптери, тој летал со многу познати личности и членови на кралското семејство, па се верува дека дал сè од себе да ја спречи трагедијата. Свафер имал 53 години, а неговата девојка Изабела имала 46 и тој секаде ја носел со себе. Лехович, која е од Полска и исто така била пилот, во 1997 година се преселила во Велика Британија.

Нурсара Сукхамаи имала 33 години и таа е најмладата загината. Прво се шпекулираше дека станува збор за ќерка на Вишај, но не е така. Таа му била пријателка на сопственикот, во 2005 година добила награда за фотогеничност на изборот за Мис универс на Тајланд. На нејзините профили на социјалните мрежи може да се видат слики од соблекувалната на Лестер со ѕвездите како Варди и Шмајхел. Тајланѓанецот Пунпаре му бил десна рака на Вишај, за него нема многу информации, само се знае дека прекарот му бил „голф“.

Вишај имаше 60 години и четири деца, а клубот Лестер го купи во 2010 година.

Тухел откри зошто го седна Мбапе на клупа: Се работи за дисциплинска одлука

ПСЖ вчера ја продолжи серијата на 11 победи во францускиот шампионат, по триумфот од 2-0 на гости кај Марсеј. „Светците“ до водечкиот гол стигнаа преку Килијан Мбапе, пред Дракслер да го реши победникот во финишот, а предводникот на ПСЖ, Томас Тухел, по мечот откри зошто пред дербито се одлучил да направи промени во стартниот состав и да ги седне Мбапе и Рабио на клупа.

Како што кажа Тухел, Мбапе и Рабио задоцниле на последниот состанок, па им ставил до знаење дека вакви работи нема да се толерираат, на ниту еден играч нема да му прогледа низ прсти доколку не се почитува зборот на тренерот. Мбапе и покрај тоа што влезе во игра во вториот дел, придонесе за победата со водечкиот гол во 65-тата минута.

„Станува збор за дисциплинска одлука. Мбапе и Рабио доцнеа на последниот тимски состанот пред мечот, па со стручниот штаб одлучивме дека не треба да почнат од првата минута. Ќе беше голема штета ако не победевме, бидејќи преферирам Мбапе и Рабио да се во стартниот состав, особено во вакви пресметки, но оваа одлука беше неопходна, мора да се знае редот. На крајот, резултатот се покажа во наша корист“, истакна Тухел.

Драма со несреќен крај: Ибрахимовиќ во шок (Видео)

Златан Ибрахимовиќ разочаран и со неверување го дочека крајот на дуелот Лос Анџелес галакси против Хјустон Динамо. Во последниот меч од регуларното коло на ЛА галаски пред своите навивачи му требаше победа за да обезбеди место во плејофот.

Сè одеше како што посакуваа домашните. Галакси на полувремето водеше со 2-0, а Ибрахимовиќ не беше меѓу стрелците. Иако се очекуваше сигурно второ полувреме, се случи голем пресврт. Во вторите 45 минути, Хјустон даде три гола и победи, оставајќи го ЛА галакси без место во плејофот.

https://twitter.com/AZLIYAHYA1/status/1056759970392227840

По завршување на средбата, Ибрахимовиќ само седна на клупата се резервни играчи и разочарано гледаше во земја. И останатите играчи на ЛА галакси не можеа да веруваат дека успеаја да го загубат мечот на кој водеа со 2-0 на полувремето.

Рекорд на Сари: Прв менаџер на „сините“ без пораз во првите 10 меча

Со демолирањето на Барнли со 4-0, менаџерот на Челзи, Маурицио Сари, постави нов клупски рекорд. „Сините“ под водство на италијанскиот стратег стигнаа до 10 натпревари во Премиер лигата во кои не претрпеле пораз, што за прв пат се случува во историјата на клубот.

Клубот од Лондон по 10 кола, има седум победи и три ремија, па заедно со Ливерпул и Манчестер сити и натаму се единствените непоразени екипи во англискиот шампионат. Иако на клупата е само неколку месеци, Сари успеа да направи големи промени во клубот, пред сè на стратешки план, а офанзивниот фудбал засега им носи добри резултати на „сините“.

Челзи и во Лигата на Европа е максимален по три меча, има девет бода во групата, додека одиграаи еден меч во Карабао купот, каде што го елиминира Ливерпул со 2-1.

Единствениот пораз како предводник на Челзи, Сари го доживеа против Манчестер сити на стартот од сезоната, кога двете екипи се сретнаа во пресметката од Комјунити шилд, а „граѓаните“ славеа со 2-0.

Бускетс: Ова е златната ера на Барса, со Меси ќе бевме уште подобри

Серхио Бускетс е посебно среќен по големиот триумф од 5-1 во првото овосезонско Ел Класико против Реал Мадрид, а смета дека тимот покажал карактер и игра на високо ниво и без Лионел Меси. Бускетс смета дека со Лео, Барса ќе одиграше уште подобар меч.

„Уживаме во златната ера на Барселона, пресреќен сум како одигравме против големиот ривал. Покажавме дека можеме и без најдобриот во нашата екипа, а сметам дека со Меси на теренот, ќе бевме уште подобри. Особено ме радува како реагиравме по примениот гол, не се повлековме, туку напротив, сакавме да ги решиме дилемите и го сторивме тоа. Суарес беше неприкосновен пред голот, им создаде многу проблеми, ги заслужи сите овации“, посочи Бускетс.