Свитолина со најдобар пласман на ВТА-листата во кариерата

Напредокот на Елина Свитолина од седмото на четвртото место е најголемиот скок за еден тенисер или тенисерка од првите 10 на светот на најновото рангирање во машка и женска конкуренција. Украинката која го освои завршниот Мастерс за жени сега е четврта, и тоа е нејзин најдобар пласман во кариерата.

На сметка на напредокот на Свитолина, за едно место назадуваше, Наоми Осака која сега е петта, а Петра Квитова отиде две скалила подолу и на денешното рангирање е седма. Македонката Лина Ѓорческа е на 486-тото место, падна за една позиција, но наредниот понеделник таа би требало да напредува, со оглед на добрите игри во Истанбул неделава.

Кај мажите нема измени на првите пет позиции. Шести е Кевин Андерсон, кој оствари скок од две места, додека по една позиција паднаа Марин Чилиќ и Доминик Тим. Од Македонците, најдобро стои Томислав Јотовски на 716-тото место, а во топ 1000 е и Горазд Србљак, кој е на 998-мото место.

- Оглас -

Најнови вести