8.8 C
Skopje
недела, 16 ноември 2025
Дома Blog Страница 9980

Гол на Спировски, убедлива победа за Фради

Стефан Спировски го постигна вториот гол сезонава за Ференцварош, а популарниот Фради со 4:1 го декласира Диожѓер и се зацврсти на врвот на табелата.

Даниел Боде постигна хет-трик , а меѓу неговите три погодоци и Спировски успеа да погоди во 39. минута.

По 12 кола Ференцварош е лидер со 27 бодови, пред Хонвед со 23.

Федерер против Копил ќе го брани трофејот во родниот Базел

Роџер Федерер со 2-0 (6-1, 6-4) во сетови го победи Данил Медведев и ќе има шанса да ја брани титулата на АТП турнирот кој се игра во неговиот роден град Базел. Осумкратниот шампион на овој турнир многу побрзо ја реши оваа средба од претходните неколку меча, за кои се мачеше да го мине патот до финалето.

Швајцарецот со два брејка брзо го освои првиот сет со 6-1. Федерер доста се намачи во вториот сет, прво поведе со 4-0, Русинот успеа за момент да се врати до 5-4, но фаворитот сепак, на крајот слави нов триумф.

Претходно Маруис Копил го совлада Александер Зверев со 2-1 (6-3, 7-8, 6-4) во сетови, па Романецот ќе му биде ривал на Федерер во финалето кое ќе се одигра утре.

„Нула“ во Билбао

Атлетик Билбао и Валенсија одиграа сиромашно реми без голови на „Сан Мамеш“ во рамките од 10. коло во Ла Лига. Колку навистина оваа средба беше сиромашна и неатрактивна, покажува севкупната статискита во ударите во рамки на двете екипи.

Домаќините само еднаш се заканија кон голот на „лилјаците“ и тоа во самиот финиш на средбата, додека тимот на Марселињо на два пати се обиде да ја протне топката во мрежата, но безуспешно.

И двете екипи остануваат во долниот дел на табелата по 10 натпревари во шпанскиот шампионат, за Валенсија ова е осмо реми и со 11 бода се на 13-тото место, додека Билбао има еден бод помалку и се наоѓа на 16-тата позиција.

Ливерпул се радува, до утре е прв во Англија

Ливерпул до утре ќе преноќи на чело на табелата во Премиер лигата, откако денес го совлада Кардиф со убедливи 4-1. „Црвените“ притиснаа за рано водство кое го донесе Салах во 10-тата минута, а за втор гол мораше да се чека дури до средината на вториот дел.

По неколку обиди Ливерпул конечно успеа пак да ја пробие одбраната на гостите, а Мане ја затресе мрежата во 66-та минута. Мала надеж за Кардиф беше голот на Патерсон во 77-та минута, но фудбалерите на Клоп одлучија да стават крај на сите неизвесности, па Шаќири и Мане ја запечатија победата во 83-та, односно 87-ма минута.

Вотфорд со убедливи 3-0 триумфираше над Хадерсфилд, со идентичен резултат победи и Борнмут на гости кај Фулам, Брајтон со минимални 1-0 беше подобар од Вулверхемптон, додека Саутемптон и Њукасл резимираа без голови, 0-0.

Со 26 бода сега Ливерпул е на првото место во Премиер лигата, најмалку до утре, а второ пласираниот Манчестер сити (23 бода) го очекува тешко гостување во Лондон кај Тотенхем.

Херта со последен здив го спречи налетот на „милионерите“

Херта ја прекина низата на Борусија Дортмунд со гол постигнат од пенал во 91-та минута од мечот за конечни 2-2 на „Сигнал Идуна“ стадионот. „Милионерите“ ја пропуштија шансата да се зацврстат на врвот и да ја запишат петтата победа во низа во 9. коло, а сега имаат само два бода (21) повеќе од второ пласираниот Баерн Минхен (19).

Џејдон Санчо на два пати ја тресеше мрежата на Херта, во 27-та минута, пред Калу да израмни на неколку минути пред паузата, за потоа Санчо повторно да се запише во листата на стрелци, во 61-та минута од средбата. Ексфудбалерот на Челзи беше повторно прецизен од белата точка во првата минута од судиското надополнување.

Баерн Минхен доста се намачи за да го совлада тимот на Мајнц со конечни 2-1, „баварците“ полека влегуваат во ритам со вториот триумф на последните два меча во германскиот шампионат. За избраниците на Нико Ковач, победата ја донесоа Леон Горецка (39‘) и Тијаго Алкантара (62‘), а почесниот гол за домаќините го постигна Боетис во 48-та минута.

Со идентичен резултат и Аугзбург славеше гостинска победа кај Хановер (1-2), додека Волфсбруг оствари убедлив триумф од 3-0 протиф Фортуна Дизелдорф.

https://twitter.com/bvbnewscom/status/1056190066295537664

Осум гола на два меча за момците на Гасперини, лесно совладана Парма

Аталанта со 3-0 славеше убедлив триумф над Парма во првата средба од 10. коло во Серија А. За домаќините ова е само трет триумф во оваа сезона, втор во низа, откако во претходното коло со 5-1 победи на гости кај Киево. „Црно-сините“ ваков учинок последен пат остварија во април 2018 година, кога на два меча на домашен терени ги победи Торино и Џенова, со резултат од 2-1, односно 3-1.

Иако убедлива, до победата Аталанта мораше да се избори во вторите 45 минути од мечот. Дефанзивецот на гостите, Галиоло, им помогна на Аталанта да го постигнат првиот гол на средбата, за потоа Паломино во 72-та, односно Манчини во 80-тата минута да ги осигураат новите три бода за тимот на Џам Пјеро Гасперини.

Од останатите денешни средби во италијанското првенство, игра актуелниот бранител на титулата, тимот тна Јувентус против Емполи во 18 часот, додека Торино и Фиорентина ќе ги одмерат силите во вечерниот термин од 20:30 часот.

Стивенс со пресврт се избори за финале во Сингапур

Слоан Стивенс ја совлада Каролина Плишкова со 2-1 во сетови во второто полуфинале на ВТА финалињата во Сингапур. Американката се избори за меч против Елина Свитолина во борба за пехарот, откако против Плишкова мораше да прави пресврт по катастрофалното издание во првиот сет, кој Стефанс го загуби со 6-0.

Американската тенисерска со три брејка го освои наредниот сет со 6-4 и израмни на 1-1, додека во одлучувачкиот, за нешто повеќе од половина час, Стивенс го загуби само првиот гем при нејзин сервис, за потоа да ги освои наредните шест, и да слави пласман во финалето.

Финалната пресметка меѓу Свитолина и Стивенс ќе се одигра утре, во 12:30 часот.

Покетино: Не сакам социјални мрежи, затоа сум младолик

Аргентинецот Маурисио Покетино ги отфрли гласините дека може наскоро да стане тренер на Реал Мадрид, и да добие договор со кој би бил најскап тренер во историјата. Покетино на интересен начин одговори на шпекулациите на британските медиуми.

„Не сум по социјалните мрежи. Немам Фејсбук, Твитер, Инстаграм. А, и другите медиуми не ги следам често. Затоа косата не ми е обелена, имам ваква затегната кожа и изгледам помлад отколку што сум“ – рече Покетино.

Покетино е сконцентриран на дуелот со Манчестер сити, и воопшто не размислува на ништо друго, иако редовно се спомнува како кандидат за наследик на Лопетеги, кој може да добие отказ ако Реал загуби од Барселона.

Кристијан сезонава е среќно име за Жирона

Иако играше без најдобриот стрелец во шпанскта лига, Кристијан Стуани, во екипата на Жирона се најде друг фудбалер со името Кристијан кој ќе им донесе победа од 2:1 над Рајо Валјекано. Порту со два гола е најзаслужен за триумфот над Рајо, кај кој Столе Димитриевски беше на клупата за резерви.

Каталонците славеа на силниот дожд, благодарение на двата погодока на Кристијан Португес кого сите го викаат Порту. Во второто полувреме, неколку минути по излегувањето на Порту од игра, гостите од Мадрид намалија и внесоа неизвесност.

Порту немаше дадено гол во првенството уште од 27 февруари, но го прекина постот и тоа како двоен стрелец. Ова беше меѓусебен дуел на овие два клуба во Ла Лига, во втора лига играле неколку пати, и Рајо досега никогаш немаше загубено на овој стадион.

Сепак, Жирона дојде до својата прва победа од 19 сеотември наваму, а Рајо остана без триумф од 14 септември.

Лопетеги води со 3:1 против Валверде

За актуелните тренери на Барселона и Реал Мадрид, нема да биде пријатно доколку го загубат утрешното „Ел Класико“ на „Камп Ноу“, особено гостинскиот најверојатно би добил отказ, па и нивното тактичко надмудрување ќе биде важен елемент на средбата.

Ернесто Валверде од Барса и Хулен Лопетеги од Реал, трети пат се среќаваат еден против друг како тренери, а двапати имаат играно еден против друг и како фудбалери. Тоа се случи во сезоната 1991/1992, кога Валверде го носеше дресот на Атлетик Билбао, а Лопетеги го чуваше голот на Логроњес. Двајцата имаат по една победа.

Како тренери, подобар е Лопетеги, кој на клупата на Порто, ги доби двете пресметки од Лигата на шампионите во сезоната 2014/2015 против Валверде, кој во тоа време беше тренер на Атлетик Билбао. На тие два меча, за Порто играше Касемиро.