11.8 C
Skopje
недела, 16 ноември 2025
Дома Blog Страница 9981

Многу дерби дуели: Типувајте Спортска прогноза до 15:30 часот

Второто коло на Спортска прогноза денеска започнува. За сите оние кои немаат типувано, имаат време до 15:30 часот да ги дадат своите прогнози на понудените 12 двојки. Сите погодени натпревари се за подарок мобилен телефон Сансунг Галакси А6.

Невројатно интересни средби нуди ова коло. Секако најважно во фокусот е утрешното „Ел Класико“ помеѓу Барселона и Реал Мадрид. Сепак тоа не е единственото дерби. Ајакс игра против Феенорд во Холандија, Наполи ја пречекува Рома, а Лацио е против Интер во италијанската Серија А, а Олимпик Марсеј ќе се обиде да го изненади ПСЖ во Франција. Никако не смее да се заборави ни дербито во Премиер лигата меѓу Тотенхем и Манчестер сити.

За да прогнозирате и да се обидете да стигнете до вреден подарок треба да бидете дел од СПОРТСКА ПРОГНОЗА. За да имате можност за подарок кликнете ТУКА и типувајте.

Правила

  • Прогнозерот со погодени 12 натпревари добива телефон Samsung Galaxy A6 2018.
  • Доколку 2 или повеќе ги погодат сите натпревари во едно коло, наградата станува парична: Ќе бидат доделени ваучери од SPORT LIFE во вкупна вредност од 15.000 (ако има двајца добитници ќе добијат ваучери во вредност од 7.500 денари, тројца по 5.000 денари).
  • За погодени 11 натпревари – ваучер од 1.000 денари.
  • За погодени 10 натпревари – ваучер од 500 денари.
  • За погодени 9 натпревари – Ваучер од 200 денари.

Секој корисник има право на една прогноза. Прогнозерите кои прогнозирале два или повеќе пати ќе бидат дисквалификувани за тековното коло.

Ваучерите се активираат исклучиво на Sport Life клуб-картичка.

Во конкуренција се прогнозите испратени 30 минути пред почетокот на првиот натпревар.

 

Торонто со најдобар старт во клупската историјата

Торонто репторс е најдобриот тим на стартот во НБА лигата. Тимот од Канада има перфектни шест триумфи, без пораз. Ноќеска беше победен Далас со 116:107 и Торонто го продолжи најдобриот старт во клупската историја. Интересно е тоа што распоредот во НБА сакаше Торонто да биде домаќин на пет од првите шест средби во сезоната и засега одлично го користи својот терен и ги радува навивачите.

Уште од самиот почеток, домаќините покажаа дека нема да му дозволат на Далас ни да се понадева на триумф. По шест минути игра, „рептилите“ водеа со 18:2, а по првите 12 минути, на семафорот стоеше 39:26. Далас се приближи на 50:45, но на полувремето разиката беше зголемена на девет поени (69:60). Иако Далас во второто полувреме се доближи и на три поени, сепак не успеа да му го нанесе првиот пораз на моментно најдобриот тим во НБА лигата.

Тимската игра е најголемо оружје на Торонто. Против Далас, дури седуммина играчи постигнаа двоцифрен број на поени, а ноќеска предводник беше Леонард со 21 поен, а Лобри додаде 20 поени и 12 асистенции.

Со перфектен старт е и Милвоки, кој немаше милост и со убедливи 125:95 победи на гостувањето кај Минесота. За бакси ова беше петта победа по ред и се веднаш зад Торонто, не само на Истокот туку во цела НБА лига. До петата победа стигна и шампионот Голден Стејт кој со 128:110 го победи Њујорк на гости. „Воините“ имаат пет победи, но и еден пораз, за разлика од безгрешниот Милвоки.

Во останатите мечеви: Шарлот – Чикаго 135:106, Хјустон – ЛА Клиперс 113:133, Њу Орлеанс – Бруклин 117:115, Сакраменто – Вашингтон 116:112.

Побара тајм-аут и не им кажа ниту еден збор на играчите (Видео)

Панатинаикос синоќа загуби на свој терен од Жалгирис со 83:87 во четвртото коло од кошаркарската Евролига. Речиси во текот на целиот меч Литванците беа во водство. На полувреме имаа предност од 44:33, кога тренерот на ПАО, Шпанецот Чави Пасквал покажа дека едноставно е немоќен да се спротистави.

Стратегот на домаќините побара тајм-аут, а кога играчите се собраа и чекаа да слушнат некој совет од тренерот, Пасквал едноставно замолче. Целиот тајм-аут помина, а тренерот ништо не кажа, а играчите само седеа и едноставно одморија за таа минута.

 

„Армејците“ во чекор со европскиот првак

ЦСКА Москва добро се намачи за победа на гостувањето во Лас Палмас кај Гран Канарија, при конечни 106:91. Изрбаниците на Димитрис Итудис и по четири средби остануваат непоразени во Евролигата, исто како и европскиот првак Реал Мадрид, па заедно со „кралевите“ ја делат првата позиција на табелата.

Домаќините добро се држеа во првите два периоди, а на паузата имаа и предност од три поени, при резултат од 55-52. ЦСКА со додатни напори го свртеа резултатот во своја корист, но неизвесноста траеше се до последните четири минути од мечот, за потоа гостите да направат и +9. На две минути пред крајот Де Коло погоди тројка за 100 поени на ЦСКА, кош можеби ја запечати победата за неговиот тим.

Нандо Де Коло беше најефикасниот од шестте играчи на ЦСКА кои постигнаа двоцифрен број на поени, а Французинот постигна 22, Хигинс додаде 17 поени. Клевин Хена беше најрасположениот играч на Гран Канарија со 17 поени.

Претходно Жалгирис славеше по продолжение против на гости кај Панатинаикос со конечнен резултат од 87:83, а исто така издвои гостински триумф иБарселона, откако ја совлада екипата на Дарушафака со резултат од 79:71.

Еспањол и со реми „рамо до рамо“ со Барса

Еспањол можеше со победа да избие на чело на табелата во Ла Лига и да преноќи на врвот, но Валјадолид имаше други планови. Домаќините во последните моменти од средбата израмнија за конечни 1-1, на отворањето на 10. коло во шпанскиот шампионат.

Борха Иглесиас донесе рана предност за каталонскиот состав, а Верде им донесе значаен бод на Валјадолид со израмнувачкиот гол во 91-та минута.

Еспањол и со реми барем до недела ќе ја дели првата позиција со Барселона, и двете екипи имаат по 18 бодови. Актуелниот првак во недела го игра првото овосезонско дерби, „Ел класико“ против Реал Мадрид

Трајковски поцрвене, Несторовски пожолте, Палермо ремизираше

Палермо реимзираше пред свои навивачи со конечен резултат од 1-1 против Венеција, во 8. коло во Серија Б. Гостите имаа предност на еден час пред крајот, Серге погоди за 0-1. Нашиот репрезентативец Александар Трајковски го остави на цедило тимот на Палермо, откако во 64-тата минута заработи директен црвен картон по остар старт над противнички играч, а претходно Несторовски си заработи жолт картон.

Струна сепак, во 90-тата минута го спаси Палермо од втор пораз сезонава, па за момент ќе бидат на втората позиција на табелата, со 15 бода, три помалку од лидерот Пескара.

Фрајбург со услуга за „милионерите“

Фрајбург го совлада тимот на Б. Менхенгладбах со 3-1, на отворањето на 9. коло во Бундеслигата. Домаќините го спречија составот на Хечкинг да се доближи до нивниот ривал Дортмунд на табелата, па сега „милионерите“ имаат можност да направат поголема бодовна разлика и да се зацврстат на врвот.

Ретко кога судиите се одлучуваат да досудат пенал уште во првата минута од средбата, но, вечерва тоа се случи и во корист на Фрајбург, а Петерсен беше прецизен за 1-0. И гостите стигнаа до погодок на ист начин, веќе во 20-тата минута судијата повторно покажа на белата точка, овој пат казната беше за домашнaта екипа, а Торган Азар израмни на 1-1.

Сепак, Фрајбург стигна го одлучувачкиот гол со кој ја остварија третата победа сезонава, Валдшмидт во 57-та минута донесе нова радост, пред Холер да го реши мечот само пет минути по влегувањето во игра, односно во четвртата минута од судиското надополнување.

 

Симон го испоти Федерер, Швајцарецот сепак во полуфинале

Роџер Федерер со 2-1 во сетови (7-6, 4-6, 6-4), го совлада францускиот тенисер Жил Симон, во четвртфиналната пресметка на АТП турнирот во Базел. Швајцарецот така ја продолжи низата пласмани меѓу најдобрите четири тенисери на овој турнир, која трае од 2003 година.

Французинот добро го намачи Роџер на стартот од средбата, му направи брејк веќе на првиот негов сервис, и поведе со 4-1. При резултат од 5-2 Федерер успеа да освои три гема по ред, па на тајбрејк со 7-1 го направи пресвртот и стигна до предност од 1-0 во сетови.

Двајцата тенисери во вториот сет си одзема по два сервиси, неизвесно беше сѐ до 4-4, а потоа Симон изненади со четвртиот направен брејк, и израмни на 1-1. Meѓутоа, фуриозниот старт во решавачкиот сет и предноста од 4-1 за Федерер, беше знак дека Швајцарецот ќе игра ново, 14-то по ред полуфинале во неговиот роден град, иако Симон успеа да се врати и да израмни на 4-4.

Победникот од мечот Циципас – Медведев, ќе биде следниот ривал на Федерер на турнирот во Базел. Претходно Александар Зверев со 2-0 во сетови беше подобар од Роберто Баутиста-Агут, па во полуфиналето ќе игра против Романецот Маруис Копил.

Педроса уште не завршил со возење, ќе го тестира КТМ во следните две години

Возачот на Репсол Хонда, Дани Педроса, од неодамна истакна дека по крајот на оваа сезона ќе ја заврши својата возачка кариера, по 13 години учество во МотоГП шампионатот. Но, Шпанецот нема сосема да се тргне од моторите, бидејќи во следните две години ќе биде тест возач на КТМ тимот.

Значи, ова не е официјална пензија за Педроса, додека потврдата дека ќе соработува со КТМ во јавноста произлезе по првиот денешен тренинг пред трката за Големата награда на Австралија.

„Ќе имаме многу искусен возач кој ќе може да ни помогне да напреднеме како тим. Секако дека Педроса има шо да понуди,  очекуваме успешна соработка. Мора да се обидуваме да бидеме подобри на секаков начин, оваа сезона видовме колкава е конкуренцијата во овој спорт“, истакна директорот на КТМ, Пит Бајрер.

Ремек – делото на Пандев, кандидат за најдобар гол на сезоната во Серија А (видео)

Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Горан Пандев, се најде меѓу фудбалерите кои конкурираат за најдобро постигнат гол во сезонаta 2017/18 во Серија А.

Вистинско ремек – дело беше голот на „Гранде“ Пандев во победата од 3-1 против Верона. Maкедонецот го лобуваше голманот на гостите од надвор од шестнаесетникот, па заслужено се најде во потесниот круг за најубав погодок.

Можете да го дадете својот глас и да придонесете за Пандев да ја освои престижната награда, на следниот линк.