Пак го измамија Тајсон: Ви благодарам што ми го уништувате сонот

Бразилскиот репрезентативец Тајсон повторно остана без посакуваниот трансфер и одново ќе игра за Шахтар Донецк откако украинскиот клуб одби да го продаде на Милан и Рома, кои беа заинтересирани за одличниот играч од средниот ред.

Шахтар бараше отштета од 30 милиони евра за 31-годишниот бразилски ас, а Рома и Милан нудеа помалку, па до трансфер не дојде во последните мигови од преодниот рок што заврши на полноќ.

Тајсон беше видно разочаран бидејќи ова не е првпат да не добие дозвола да замине во некоја од топ 5 лигите во Европа и веднаш одговори на „Инстаграм“.

„Ви благодарам што ми го уништувате сонот. Уште еднаш го сторивте тоа“, напиша Тајсон. Има 31 година, а веќе седма сезона игра за Шахтар, и тоа одлично, па се најде и на списокот на бразилскиот селектор Тите за Мундијалот што лани се играше во Русија.

Тајсон има 142 настапи за Шахтар и 25 гола, а за Бразил играше осумпати и постигна еден гол.

- Оглас -

Најнови вести