Пак проблем за Реал Мадрид, и новата жртва на расизам има повреда

Како да нема крај на кадровските проблеми во Реал Мадрид. За неделното гостување кај Кадис, неизвесен е настапот и на Родриго, кој добил удар во коленото на мечот Бразил – Аргентина.

Родриго е клучен играч во нападот на Реал, а иако повредата е лесна, ако има каков било ризик, тој нема да игра со Кадис и ќе го чуваат за дуелот со Наполи в среда. Ако не игра Родриго, тренерот Карло Анчелоти од напаѓачите ќе може да смета само на Хоселу и Брахим Дијас, па ќе мора да повика некој младинец и од вториот тим на Реал.

Инаку, на мечот со Аргентина, Родриго беше во центарот на вниманието и поради конфликтот со Лионел Меси. По овој инцидент, Родриго преку социјалните мрежи обелодени дека добил голем број расистички навреди и закани.

- Оглас -

Најнови вести