Пакета ги протна десеткуваните Кариоки до полуфинале против Перу (видео)

Со голот на Лукас Пакета при една одлична бразилска акција, Кариоките триумфираа минимално портив Чиле со 1-0 и се пласираа во полуфиналето на Копа Америка.

Фудбалерот на Лион го постигна единствениот гол во 46-тата минута од средбата во Рио, по што националниот состав на Тите остана со играч помалку по исклучувањето на Габриел Жезус. Бразилците со 10-мина на теренот издржа за пласман понатаму, иако Чиле дојде до нерегуларен гол преку Варгас кој се поништи поради офсајд позиција.

Бразил како бранител на континенталната титула се очекува да стигне до големото финале, каде што може да се гледа мега-дуел против Аргентина доколку го надиграат Еквадор, а потоа и подобриот од дуелот Уругвај – Колумбија.

 

https://streamable.com/q14ln0

Во полуфиналето Бразил ќе се сретне со Перу, селекцијата која прва се протна до топ 4 фазата по победата над Парагвај со 4-3 на пенали, откако двете екипи не издвоија победник по 90 минути игра и нерешени 3-3.

https://streamable.com/tsqtuo

- Оглас -

Најнови вести