Пако му даде одмор во погрешен момент – Барди не игра против Барселона

Енис Барди ќе нема шанса за поправен против Барселона, барем не утре на првиот меч од осминафиналето во „Копа дел Реј“, по одлуката на тренерот Пако Лопес да го одмори.

Со Барди надвор од редовите ќе бидат и Робер Пјер и Роџер Марти, сите тројца важни алки во играта на Леванте. Ова трио доби зелено светло од тренерот да одмори, а поради повреди, нема да играат и Никола Вукчевиќ, Саму Гарсија и повредениот Антонио Луна.

Барди и соиграчите играа против Барселона на 16-ти декември, но не поминаа добро бидејќи гигантот ги прегази и победи со 5-0 како гостин.

Сега клубот од Валенсија ќе бара шанса во два меча да приреди подвиг и да ја елиминира Барселона, но според одлуката на тренерот Лопес и одморот за Барди, Пјер и Марти, тоа изгледа како невозможна мисија.

Првиот меч се игра утре во Валенсија, а реваншот е на 17-ти јануари на „Камп ноу“.

 

- Оглас -

Најнови вести