Палестина е пред историски подвиг, со две победи ширум ѝ се отвораат вратите за пласман на СП (Фото)

Квалификациите за Светското првенство во 2026- година на Азискиот Континент се во полн ек. Голем број натпревари се играат денес, а посебно внимание привлекува оној на репрезентацијата на Палестина, која своите натпревари ги игра на неутрален терен, но сепак е блиску да се пласира во главната рунда од квалификациите, а со тоа и да дојде на чекор до историски пласман на Светско првенство.

Во овој прозорец на ФИФА, Палестина најпрво на домашен терен, но во Кувајт, ќе ја пречека селекцијата на Бангладеш, а потоа и ќе гостува таму. Со две победи, за кои е голем фаворит, ќе се пласира во следната, финална, фаза од квалификациите, а вистинско чудо може да направи и доколку успее да се пласира на Мундијалот, кој за две години ќе се одржува во САД, Канада и Мексико. Нивните шанси се уште поголеми бидејќи ова Светско првенство ќе биде прво на кое ќе учествуваат 48 репрезенатции.

- Оглас -

Најнови вести