Бразилскиот Палмеирас по продажбата на Ендрик на Реал Мадрид за 55 милиони евра, сега продаде уште еден бисер од својата школа. Се работи за 18-годишниот крилен напаѓач Луис Гиљермо, кој за 25 милиони евра се сели во Премиер лигата, во екипата на Вест хем.
„Среќен сум што потпишав за Вест хем, клуб кој верува во мене. Ми го претставија проектот, кој ми се допадна и мене и на моето семејство, и се надевам дека дека ќе помогнам многу за негова реализација“, рече Гиљермо.