Славната глумица Памела Андерсон лута и разочарана објави дека става крај на двегодишната љубовна врска со фудбалерот Адил Рами. Французинот кој минатата година беше дел од шампионскиот состав на Галските петли на Мундијалот во Русија, е единствен виновник за крај на врската, открива глумицата.
Памела го нарече Рами дека е „чудовиште“ и дека цело време водел двоен живот.
„Тешко е да се прифати фактот дека последните две години од мојот живоот биле само една голема лага. Се излажав и поверував во големата љубов. Се шегуваше дека другите играчи имаат девојки кои живеат во близина на нивните жени. Тие луѓе ги нарекуваше „чудовишта“. Ова сега е уште полошо. Цело време лажел. Како можел да контролира две женски срца и умови во исто време. Тој е чудовиште“, напиша Андерсон на социјалните мрежи, каде и објави крај на љубовната врска со Рами.
Поради фудбалерот, Памела се пресели од Лос Анџелес во Марсеј, за да биде поблиску до Рами. Многумина предвидуваа дека нивната врска ќе биде крунисана со брак, иако Памела е 19 години постара од фудбалерот. На крајот, љубовта заврши, а Памела го обвини Французинот.
https://www.instagram.com/p/BzH4eyHHOUN/?utm_source=ig_web_copy_link