Панче Ќумбе, eксфудбалскиот интернационалец и повремен член на македонската репрезентација, со своето семејтво одлучи од утре, па до петок да донира појадок за вработените во Општата болница во Велес. Ќумбев сака да покрене иницијатива и воедно апелира до сите кои се во можност како било да им помогнат на луѓето кои изминативе денови макотрпно работат во здравствените установи и се борат против Коронавирусот.
Со овој хуман гест Панче се обидува да ја крене свеста на народот и воедно ги повика сите интернационални спортисти да пружат помош во болниците во родните градови. Неговата идеја ја сподели на „Фејсбук“: