Гоче е „кошмар“ за Јувентус (Видео)

Горан Пандев повторно покажа дека игра со посебен мотив против Јувентус. Капитенот на македонската репрезентација даде гол, а имаше  една асистенција за победа на Џенова од 2:0 против досега непобедливиот Јувентус. И сето ова Пандев го направи за само 30 минути поминати на теренот, бидејќи во игра влезе во 60 минута.

Со оваа победа на Џенова, падна митот на непобедливност на Јувентус. Италијанскиот гигант беше единствен во Топ 5 лигите кој сезонава немаше пораз, но Пандев и Џенова решија и тоа да со прекинат. Јувентус во Серија А немаше неуспех од минатата сезона кога дома загуби од Наполи со 1:0. Пораз на гостинси терен „старата дама“ не памти од декември 2017 година, кога загуби од Сампдорија, на истиот овој стадион на кој и денеска потклекна против Џенова.

ИМ ГИ „КРШЕШЕ КИЧМИТЕ“ НА БУФОН, ТИРАМ И КАНАВАРО 

Ова не е прв пат Пандев да блесне против најтрофејниот италијански клуб. За популарниот Гоче ова е вкупно шести погодок против Јувентус. Тој претходно четири пати има погодувано и како играч на Лацио, еднаш во дресот на Наполи, а сега дојде ред и во дресот на Џенова.

Од сите погодоци кои ги има дадено против Јувентус, најмногу се памти тој кога играше за Лацио, а на голот на Јувентус беше легендата Буфон, додека во одбраната беа светските ѕвезди Канаваро и Тирам. Во една акција, Пандев успеа ги го „измеша мозокот“ на Канаваро и Тирам, а потоа да ја затресе мрежата на немоќниот Буфон.

 

 

- Оглас -

Најнови вести