Пандев е подготвен за настап: Заслуживме да го освоиме третото место

Горан Пандев, капитенот на македонската фудбалска репрезентација, е подготвен да игра утре против Израел, во поселедниот квалификациски меч за нас, што е закажан за 20.45 часот на националната арена „Тодор Проески“.

Пандев не играше против Австрија поради висока температура, но сега ќе биде во редовите и речиси сигурно ќе го предводи нашиот национален тим кон победа што може да нè доведе во позиција да бидеме трети на табелата, зад двоецот Полска и Австрија, кои ќе патуваат на ЕП 2020 година.

„Подготвен сум да настапам против Израел. Како и секогаш, тоа зависи од селекторот. Сакаме да победиме бидејќи секој успех во дресот со национални обележја многу ни значи. Со игрите во овој квалификациски циклус заслуживме да завршиме на трето место. Одигравме добро, само со еден лош меч против Австрија на домашен терен. Сега целта е да ја завршиме оваа етапа со победа“, вели капитенот Пандев.

Капитенот беше стрелец на победничкиот гол за Македонија против Израел во Хаифа во 2017 година, а тоа беше и прв триумф за нас во меѓусебните дуели со оваа селекција. Израел има 4 победи, еднаш игравме нерешено и еднаш победивме во квалификацискиот меч за пласман на Мундијалот во Русија 2018.

- Оглас -

Најнови вести