По селекторот Игор Ангеловски, со порака за одложување на мечот меѓу Македонија и Косово се огласи и капитенот Горан Пандев.
„За мене пласманот со Македонија на Европско првенство е многу повеќе од сите освоени титули. Живееме за слика од нашиот стадион со трибини покриени од навивачи во црвено-жолта боја кои ќе ни дадат сила и мотив да го надополниме она што фудбалски го пропуштивме во последните 20 години. Дајте ни шанса за вистински спектакл, дајте ни шанса со нашите навивачи да се радуваме на победа и да бидеме на чекор од европското првенство. Здравјето е најважно и секогаш се молиме за тоа. Но дајте ни можност да го оствариме и сè она за што сме сонувале како деца. За доброто на сите, одложете го натпреварот. И заради здравјето и затоа што е фер и спортски“, е пораката испратена од инстаграм-профилот на Горан Пандев.