Пандев за германските медиуми: Голема чест е да се игра против Панцерите

Горан Пандев, капитенот на македонската репрезентација, за германските медиуми го најави натпреварот меѓу Германија и Македонија, кој е закажан за 31 март и ќе се игра во Дуисбург.

Нашиот рекордер вели дека е чест да се игра против четирикратниот светски првак кој воедно е фаворит да ја освои квалификациската група Ј.

„Не е тајна дека Германија е фаворит да ја освои нашата група, но ние го целиме второто место кое е дофатливо. Имаме прилично добар тим составен од млади и амбициозни играчи, како и искусни играчи. Нам ние работа на ниту еден противник да не му ја олесниме работата. Германија сепак е една од најдобрите селекции во светот, затоа за нас е голема чест да се игра против неа, особено што ова ќе биде прва пресметка на двете репрезентации“, истакна Пандев.

Германија по две кола го држи врвот на групата Ј со максимални шест бода, исто толку има и Ерменија, додека Македонија со вчерашните 5-0 над Лихтенштајн има три бода и засега стои на третото место пред Романија, Исланд и Лихтенштајн.

Натпреварот во Дуизбург е предвиден да се одигра во терминот од 20:45 часот задутре.

- Оглас -

Најнови вести