Паника во таборот на Стивен Стамкос – Тампа беј ги прекина тренинзите, има тројца хокеари позитивни на Ковид-19

Хокеарите на Тампа беј лајтнинг ги прекинаа тренинзите во втората фаза пред најавениот рестарт на сезоната во НХЛ, откако тројца хокеари и двајца членови во клубот имале позитивни тестови на Ковид-19.

Веднаш според информациите од САД е затворен тренинг центарот на тимот, што е еден од најдобрите во НХЛ и е кандидат и за титулата, ако сезоната продолжи и се доигра.

За популарните Грмотевици игра и еден од најдобрите стрелци во минатата декада во НХЛ; Стивен Стамкос, кој има македонски корени.

Стандардно не се објавени имињата на хокеарите што се позитивни на Коронавирусот, а сите хокеари се испратени во самоизолација.

„Сите останати хокеари и вработени во клубот се испратени на дополнителни тестирања и ќе бидат во карантин. Ако нема дополнителни позитивни на тестовите се очекува хокеарите на Тампа беј да продолжат подоцна со тренинзи во втората фаза од подготовките за рестарт на сезоната, објави новинарот Боб Мекензи.

До прекинот на сезоната во март, Тампа беј беше на второто место во Источната конференција зад лидерот Бостон бруинс и според планот треба директно да игра во плејофот за титулата.

Најдобрите четири екипи од двете Конеференции според новиот концепт ќе ги чекаат противниците во првото коло, а за пласман на уште по четири екипи во стартното коло ќе разигруваат клубовите пласирани од петтото до 12. место.

Сите останати екипи ја завршија сезоната во НХЛ лигата.

- Оглас -

Најнови вести