„Панини“ го одреди датумот на кој ќе излезе албумот со сликички за СП 2022

Италијанската компанија „Панини“ која е авторизирана од ФИФА за изработка на албум со сликички за Светско првенство, го одреди датумот на кој ќе излезе во продажба албумот посветен на Мундијалот во Катар.

Колекционерите на албуми кои во голем број ги има и во Македонија, ќе треба да се стрпат до крајот на август. Ова е необичен термин за собирање сликички, но првенството првпат ќе се игра во ноември и декември, па затоа албумот ќе излезе дури на 24-ти август, на неполни три месеци пред почетокот на шампионатот.

Уште не се знаат сите земји учеснички на Мундијалот, тоа ќе се знае дури во јуни, па затоа од „Панини“ го одредија 24-ти август како датум на кој ќе се појави албумот.

- Оглас -

Најнови вести