Панцерите ќе ја вгостат Македонија надвор од Германија?

Кон крајот на март почнуваат квалификациите за Светското првенство 2022 година, а во првиот циклус Македонија ќе одигра три натпревари, против Романија, Лихтенштајн и фаворитот во групата Ј, Германија.

Мечот против Панцерите ќе биде последен од првиот циклус, кој е закажан за 31 март, во кој нашата селекција ќе треба да гостува според првичниот план во Дуисбург. Меѓутоа, властите во Германија држат строги мерки околу пандемијата со корона-вирусот и најавено е нивно продолжување до крајот на овој месец.

Поради тоа, гостувањето во Дуисбург на Македонија е ставено под знак прашалник, па УЕФА веројатно ќе одредува неутрален терен во друга земја. Една од тие опции е мечот Германија – Македонија да се одигра на националната арена во Букурешт.

На тој стадион Македонија ќе ги одигра првите два натпревари од групната фаза на ЕП 2020 против Романија и Австрија во претстојното лето, па на нашите Рисови нема да им биде на одмет доколку го пробаат теренот неколку месеци порано.

- Оглас -

Најнови вести