Папагал пее навивачка песна за Мохамед Салах (Видео)

Крилото на Ливерпул, Мохамед Салах, е еден од најпопуларните фудбалери меѓу навивачите на „црвените“, па некои од нив ги учат и нивните домашни миленици да го опеваат „фараонот“.

Еден четигодишен африкански сив папагал Кело, е снимен како пее една навивачка песна која може да се чуе на „Енфилд“.

„Мо Салах, Мо Салах, трча по крилото. Салах, лалала, египетскиот крал“ се зборовите од песната која веројатно толку многу често се пее во домот во Белфаст во Северна Ирска, што и папагалот ја запаметил, и сега ја имитира.

Кело во октомври ќе полни пет години, а неговата сопственичка Линда го купила кога имал 13 недели. Многу фанови се шегуваат дека на Кело треба да му се даде сезонски билет за мечевите на Ливерпул.

- Оглас -

Најнови вести