Парагвајците се бунат: На Европското првенство нема ривали од Америка, како може ние да играме со Азијци

Парагвај водеше со 2:0 против Катар, но на крајот одигра само 2:2, во меч од првото коло на Копа Америка. Катар како актуелен шампион на Азија доби покана за настап на јужноамериканското првенство и уште во првиот меч покажа дека може да се носи и со овие ривали.

Селекторот на Парагвај, Едуардо Беризо, беше лут поради киксот, но се чудеше како може да игра против селекција која не е од Америка.

„Никогаш досега немам видено на Европското првенство да се повика да учествува некоја селекција од Америка или од друг континент. Можеби звучи глупаво, но ние игравме против Катар на Копа Америка. Ова натпреварување треба да биде за селекции кои доаѓаат од Јужна, Централна и од Северна Америка“, рече Беризо.

Доколку Парагвај успееше да ја задржи предноста од 2:0, тешко дека Беризо ќе дадеше ваква изјава по завршување на средбата.

Вечерва во 1 часот по полноќ на Копа Америка ќе настапи и вториот гостин од Азија. Селекцијата на Јапонија ќе игра против Чиле.

 

- Оглас -

Најнови вести