Парите прават чуда: Можно ли е Меси, Роналдо и Бензема со ист клуб да играат во ЛШ?

Инвестицискиот фонд на Саудиска Арабија денес објави дека ги купила мнозинските пакети од акциите на најдобрите четири арапски клубови: Ал-Итихад, Ал-Наср, Ал-Хилал и Ал-Ахли. Воедно овој фонд е сопственик и на Њукасл во англиската Премиер лига.

Според шпекулациите, можно е голем број ѕвезди кои потпишуваат во арапското првенство есенва најпрво да играат за Њукасл во Лигата на шампионите, а потоа да продолжат во првенството на Саудиска Арабија.

Сето ова го дозволуваат и правилата на Премиер лигата, која дозволува позајмици на неограничен рок, а тука се и овие краткорочни позајмици преку кои фудбалерите може да ја започнат сезоната во Њукасл, а потоа да продолжат во своите клубови во Саудиска Арабија.

Сепак, се чини дека Арапите нема да експериментираат и ова не е им е главната цел. За нив приоритет е добивањето на организацијата на Светското првенство во 2030 година и подигнување на квалитетот на првенството во оваа земја.

- Оглас -

Најнови вести