Парижани ја будеа Барселона в зори (Видео)

Навивачите на Пари Сен Жермен тргнаа во акција рано наутро во 4 часот и со огномет ги будеа играчите на Барселона пред денешнит реванш дуел во Лигата на шампионите.

Во навивачкиот свет веќе стана пракса да има вакви акции на противничките симпатизери, а сега во елемент беа фановите на францускиот првак.

ПСЖ победи со 4:1 на првиот меч од осминафиналната рунда против Барселона и тоа на „Камп Ноу“, а блескаше Килијан Мбапе со хет-трик. Вечерва од 21 часот на „Паркот на принцовите“ ќе се надеваат дека Каталонците нема комплетно да се разбудат и да приредат чудо, што еднаш веќе и се случи во двомечите на овие две екипи.

Во 2017 година по обратен редослед од сегашниот, Барселона го почна реваншот во истата фаза во ЛШ, во осминафиналето со негатива од 0:4, но успеа да приреди редок подвиг и со победа од 6:1 на „Камп Ноу“ да ги елиминира парижани.

 

- Оглас -

Најнови вести