Парондо: Горд сум на моите играчи

Тренерот на Вардар, Роберто Гарсија Парондо покажа дека е вистински наследник на Раул Гонзалез на клупата на „црвено-црните“. Шпанскиот стратег успеа да постави одлична тактика против европскиот првак Монпелје, па Вардар победнички се врати од гостувањето во Франција, по првото коло во Лигата на шампионите.

„Многу сум горд на моите играчи. Многу е тешко да се игра на гости кај Монпелје, но ние успеавме да победиме. Ги сопревме противничките играчи, а тоа се играчи на актуелниот европски првак“, рече тренерот на Вардар, Парондо.

Вардар славеше со 27:24 во дуелот на двата последни европски прваци и покажа дека и оваа сезона ќе биде меѓу најдобрите екипи во Лигата на шампионите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести