Партија на кариерата на Богдановиќ, во првата четвртина даде пет тројки (Видео)

Сакраменто кингс го совлада Њу Орлеанс пеликанс со 140-125, и тоа најмногу по заслуга на српскиот бек Богдан Богдановиќ кој ја прикажа најдобрата игра откако е во НБА лигата и постигна 35 поени, што е негов личен рекорд. Дека е супер расположен за бомбардирање на противничкиот кош, Богдан покажа во првата четвртина во која ифрли 19 поени и погоди дури пет тројки.

Тоа беше негова најдобра четвртина во НБА кариерата, а целата екипа на Кралевите во тие воведни 12 минути дада дури 49 поени.

Ова се тројките на Богдан во првиот квартал од средбата:

- Оглас -

Најнови вести