Партизан 13 години не знае за победа над Барса, вечер им е шансата на Црно-белите! (Фото)

Ако се суди според квотите за конечен тип, на сите шест вечерашни натпревари кои се играат во кошаркарската Евролига треба да победат домашните тимови, меѓу нив и Партизан, кој во Белград ја пречекува Барселона.

Партизан цели 13 и пол години нема победа над Каталонците, а и последниот пат кога успеа, беше минимално и многу тешко, по продолжение од пет минути. Барса тргна со две победи сезонава, Партизан е на 1-1, а за Црно-белите ова е прв меч дома и Арената во Белград ќе биде преполна со „шестиот играч“ на Партизан.

Во Sport Life има богата понуда и на индивидуалци, дури за 59-мина различни кошаркари може да се обложите колку поени ќе постигнат, поточно дали ќе успеат да ја надминат поставената граница.

- Оглас -

Најнови вести