Партизан доби нов тренер, Српската федерација го загуби потпретседателот

Саво Милошевиќ се откажа од привилегијата да биде втор човек на Фудбалската федерација на Србија за да може утре да биде промовиран во нов тренер на Партизан.

Тоа и нема да биде голем удар за Федерацијата, која има уште двајца потпретседатели, а името на Саво Милошевиќ веќе е избришано на официјалниот сајт. Остануваат Ненад Бјековиќ и Марко Пантелиќ како двајца заменици на претседателот на ФСС Славиша Кокеза.

Милошевиќ играше долго време за Партизан, а „црно-белите“ му се матичен клуб. Сега ќе има тешка задача да помогне да се надмине кризата во повеќекратниот српски шампион, кој се наоѓа на третото место на табелата со 24 бодови помалку од вечниот ривал Црвена ѕвезда и цели 17 зад Раднички Ниш.

- Оглас -

Најнови вести