Партизан игра за чест и за задржување на шансите за плејин, не смее да загуби во Берлин (Фото)

Вечерва во Евролигата ќе се одиграат пет натпревари од претпоследното коло во регуларниот дел од сезоната во Евролигата и за сите нив има богата понуда во Sport Life со по 154 комбинации за играње.

Може да се игра на конечен резултат, на број на поени, хендикепи, полувреме-крај, број на поени во секоја четвртина, број на поени на секоја екипа посебно, двојни победи и уште еден куп интересни игри.

Партизан, кој се бори за пласман во плејин-разигрувањето за влез во плејофот, повеќе не ја држи судбината во свои раце, но мора да слави вечерва на гостувањето кај Алба Берлин. Црно-белите на две кола до крајот на регуларниот дел од сезоната има учинок од 14 победи и 18 порази, исто колку што имаат и Жалгирис, Олимпија Милано и Валенсија, додека на последното место кое води во плејин-турнирот се наоѓа Анадолу Ефес, кој има една победа повеќе.

Во првиот меч кој се играше во Арената во Белград, Партизан славеше со 89:74, а вечерва ќе може да смета на услугите на Зек Ледеј, кој ги пропушти дуелите со Басконија, Реал Мадрид и Олимпијакос поради смртта на татко му. Квотата за победа на Партизан изнесува 1.26.

Жалгирис кој исто така се бори за последното место кое води во плејин-турнирот, го очекува тешко гостување кај Монако, кој пак заедно со Панатинаикос и Барселона ќе води битка за второто место на табелата. Монако ја има фаворитската улога (1.40), а квотата за литванскиот тим да слави е 3.40.

Интересно се очекува да биде во Арената во Белград, каде што Црвена ѕвезда за последен пат сезонава ќе игра пред своите гледачи, и тоа против братскиот клуб од Пиреја, Олимпијакос.

Во денешната понуда има 62-ца кошаркари за играта „плус-минус“ на поени, како и 26-мина играчи за играта „плус-минус“ скокови, а тука е и понудата за 20-мина кошаркари за тоа колку асистенции ќе остварат. Комплетната понуда може да ја погледнете ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести