Партизан ја победи Ѕвезда, на трибините пак беше „жешко“ (Видео)

Партизан ја победи Црвена ѕвезда со 75:72 во дербито на седмото коло од АБА регионалната лига. Црно-белите заслужено се радуваа бидејќи водеа во поголем дел од мечот. Најголемата предност Партизан ја имаше пред крајот на првото полувреме, кога имаше плус 14 (43:29).

Сепак, дерби без возбудувања до крајот не е комплетно дерби, па Ѕвезда полека ја намалуваше предноста на противникот и во последната минута дојде до минус 1 (73:72). Партизан го реализираше својот напад, а Црвено-белите не успеаја да се изборат за нерешено.

За Партизан ова е петта победа сезонава во АБА-лигата, додека Ѕвезда го претрпе третиот пораз. Речиси како и на секое дерби така и овојпат беше „жешко“ на трибините. Во еден момент, две спротивставени фракции на навивачите на Партизан започнаа да се тепаат, а малку фалеше инцидентот да се префрли и во ложата која беше во близина, но навреме реагираше полицијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести