Израелскиот плејмејкер Јам Мадар си замина од Партизан и потпиша двегодишен договор со Фенербахче.
Мадар од 2021 година беше член на Црно-белите, беше играч со најголем напредок во Евролигата, се истакнуваше со својата борбеност, но реши да премине во Фенербахче. Ова е изненадувачки трансфер, а Мадар со доза на лутина и разочарување соопшти зошто си оди.
Мадар во простувањето од Партизан преку социјалните мрежи напиша дека Црно-белите му дале многу, дека има силни емоции кон клубот, но дека во последните десет дена не видел иста таква емоција и од другата страна.
Ова налути многу фанови на Партизан кои го нападнаа и го навредуваа „предавникот“ Мадар. Има коментари од типот: „Веќе не си дел од нашето семејство“, „Виде ли Пантер и Лидеј какви понуди одбија за да останат, а ти се продаде за ситно“, „Пред Жељко беше никој и ништо, и после Жељко ќе бидеш никој и ништо“, итн.