Партизан остана без тренер, Гробарите влегле во просториите на клубот

Зоран Мирковиќ повеќе не е тренер на Партизан. Популарниот Бата реши да си поднесе оставка по вчерашниот неочекуван пораз на „црно-белите“ на гостувањето кај градскиот ривал Вождовац со 0-1. Само што завршил мечот, Мирковиќ влегол во соблекувалната и на играчите им соопштил: „Веќе не сум тренер на Партизан“, рекол Бата Мирковиќ пред играчите.

Партизан влезе во серија лоши резултати и нема победа на три меча во низа. На вечното дерби против Црвена ѕвезда одигра солидно на „Маракана“ и на крајот беше 1-1, но потоа на домашен терен со 0-1 загуби од Раднички, а сега со истиот минимален резултат беше поразен и од Вождовац. За тимот ова беа први порази под водство на Мирковиќ во Суперлигата.

Според некои пишувања, навивачите на Партизан биле толку лути поради поразот, па влегле во просториите на клубот и побарале оставка од управата на клубот. „Црно-белите“ моментно се на третото место на табелата во првенството и имаат 51 бод, што е дури 21 помалку од лидерот Црвена ѕвезда (72 бодови). Раднички е втор со 65 бодови, што значи дека Партизан речиси нема шанси да се бори ниту за второто место на табелата.

- Оглас -

Најнови вести