Фудбалерите на Партизан попладнево успеаја да забележат победа на гостувањето кај Нови Пазар со гол во 93-тата минута откако многу рано во мечот имаа негатива од 2-0. Натпреварот во Нови Пазар се играше без публика, поради казната за домашниот состав од страна на Фудбалскиот сојуз на Србија, а тоа предизвика револт кај навивачите на Нови Пазар.
Тие одлучија да се пресметаат со полицијата низ улиците во околината на стадионот, а се слушаа и големи детонации. Навивачите иако не беа присутни на стадионот, сепак успеаја да го прекинат натпреварот. Во четвртата минута од натпреварот, кога се слушнаа силни детонации, главниот судија одлучи да го прекине мечот, а тој продолжи откако ситуацијата се смири.
Novi Pazar.. pic.twitter.com/n5vfZagZyZ
— Emir Hrapović (@EHrapovic) October 21, 2024