Партизан се спаси, но Звезда не, шампионот во АБА загуби на гостувањето во Хрватска

Хрватските екипи се покажаа како тешки ривали за главните фаворити за титулата во АБА-лигата, Партизан и Црвена звезда.

Црно-белите вчера со тројка на една секунда до крајот славеа на гостувањето во Сплит, но денеска, шампионот Црвена звезда загуби од Цибона во Загреб со 85:81. Ова е втор пораз за Црвено-белите и сега заедно со Партизан се лидери на табелата со скор 18-2.

Ова беше прва победа за Цибона над Црвено-белите по пауза од девет години.
Уште од почетокот на средбата беше видливо дека фаворитот се мачи, а Цибона веќе во првата четвртина имаше шест поени предност 22:16. До крајот на првиот период Звезда направи пресврт со серија од 8:0 и поведе со 24:22.

Гостите на пауза заминаа со поен предност 40:39, и водството го одржуваа до последната четвртина. Цибона со серија 12:3 на четири минути до крајот, успеа да израмни на 73;73, а потоа поведе по поените на Креешимир Радовчиќ.

До крајот на натпреварот домаќините ја зачуваа предноста и дојдоа до голема победа.
Најефикасен кај Цибона беше Капуста со 24 поени, додека кај Црвена звезда најпрецизен беше Петрушев кој даде 15 поени.

- Оглас -

Најнови вести