Партизан со победа ја отвори полуфиналната серија против Будуќност

Кошаркарите на Партизан славеа со 78:67 против Будуќност во првиот меч од полуфиналето во АБА-лигата.

Црно-белите беа подобар тим во текот на сите 40 минути, на противникот му дозволија само еднаш да биде во водство (11:12) и тоа во првата четвртина, но веднаш ги поставија работите на свое место и првите 10 минути ги завршија со плус 11 (27:16).

Двоцифрената предност Партизан ја одржуваше до финишот, Будуќност со серија 0:8 се приближи на 69:65 на една минута до крајот. Но, дилемите околу победникот ги реши Кевин Панер, кој ги реализира трите слободни фрлања на 37 секунди до крајот за 72:65.

На крајот Партизан славеше со 78:67 за водство во полуфиналната серија.

Зек Ледеј со 15 поени ја предводеше листата на стрелци кај Партизан, каде што се истакна и Франк Камински со 13 поени, додека во редовите на Будуќност, Јоан Макунду беше најефикасен со 14 поени.

- Оглас -

Најнови вести