Партизан утре ќе се појави на терен против Ѕвезда, но…

Партизан одлучи да се појави утре на терен на мечот против Црвена ѕвезда од полуфиналето на фудбалскиот куп против Србија, но Црно-белите најавија и дека ќе искажат протест на „посебен начин“.

Нема детали што значи тоа и каков ќе биде протестот, се шпекулира дека е можно да се појават на терен со младинци, па дури и да го повторат циркузот кој неодамна го  направи Фенербахче кога во Суперкупот играше со младинци, прими гол во прва минута и потоа го напуштија теренот.

Во Партизан се револтирани од арбитражата во дербито на судијата Илиќ од Крагуевац, кој според нив е докажан фан на Црвена ѕвезда, го имало и на фотографии во црвено-белиот дрес.

Откако Партизан го објави соопштението дека ќе игра утре, се огласија од судиската комисија на ФСС со информација дека анализите покажале оти Павле Илиќ не направил ниту една грешка за време на дербито кое Ѕвезда на драматичен начин го доби со 3-2.

- Оглас -

Најнови вести