Партизани ќе се предадат на гостувањето

6760 Базел – Партизани (20:15 ч.)

Во овој дуел нема дилема дека домаќините се големи фаворити и чудо би било ако не победат. Партизани во првото коло од квалификациите во конференциската лига елиминираше тим од Молдавија, а двата меча беа со многу голови (5:2 и 3:2).

Четирите примени гола од молдавскиот ривал значат дека Партизани има слаба одбрана и против тим како Базел тешко дека ќе може многу да се брани.

Предлог тип: 1-1&3+ (2.45)

 

6791 Хајдук – Тобол (21 ч.)

Хрватскиот претставник ќе има тешка задача против ривалот од Казахстан. Тобол е во натпреварувачки ритам и игра одлично. По 19 кола е лидер во домашното првенство, а на последните 14 меча нема ниту еден пораз. Фактот дека во оваа лига трет е Каират Алмати, кој вчера ја победи Црвена ѕвезда, зборува за квалитетот на екипите од Казахстан.

Хајдук во првенството започна со реми на гости кај Локомотива во Загреб, а сега ќе има голем предизвик да се стекне со предност пред реваншот.

Предлог тип: Х2&0-3 (2.40)

 

6732 Копенхаген – Зходно (19 ч.)

Данскиот тим треба лесно да го помине клубот кој е на 10-тото место во првенството на Белорусија. Зходно во домашното првенство покажува дека има нестабилна одбрана, па реално нема што да бара на ова гостување.

Домаќините би требало уште по овие 90 минути да ги решат сите дилеми околу патникот во следната рунда и да има атрактивен меч во Копенхаген.

Предлог тип: 4+ (1.95)

 

6755 Судува – Раков (19 ч.)

Судува е тим кој игра дефанзивно, па не е ни чудо што на осум од последните 10 меча немало повеќе од два гола, а само двапати едвај стигнале до 3+. Раков има одличен состав, а тоа го почувствува и полскиот првак Легија, која пред пет дена загуби во борбата за трофејот во Суперкупот на Полска на пенали.

Раков е цврста екипа и реално е фаворит за победа во Литванија, но дури и да не се радува денеска, останува голем фаворит за пласман во следната рунда.

Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (2.21)

 

1617 Вележ – АЕК (20:30 ч.)

Самодовербата е главниот адут на домаќините. Вележ дури 21 меч е без пораз во сите натпреварувања, но факт е дека АЕК е ривал кој има поголем квалитет од екипите со кои босанскиот тим игра на домашна сцена.

Дефанзивата е најсилното оружје на Вележ, па ќе биде интересно да се види дали домаќините ќе се одлучат да се бранат или ќе го нападнат фаворизираниот ривал.

Предлог тип: 2 (1.90) – Квота во Супер тип на Sport Life

 

- Оглас -

Најнови вести