Патрик Клајверт се враќа во Барселона и ќе биде нов директор на познатата фудбалска Академија „Ла Масија“ на шпанскиот гигант.
Утре холандската фудбалска легенда ќе потпише двегодишен договор за позицијата директор на младинската школа на Барса.
Каталонскиот клуб пред извесно време призна дека Академијата во последно време не работи како што беше замислено, па ќе се обиде да го врати култот на „Ла Масија“ како една од најдобрите фудбалски школи на светот.
„Ла Масија“ ја поминаа светски ѕвезди, а меѓу нив е и потенцијалниот македонски репрезентативец Давид Бабунски. Според замислата на Клајверт, во обидот да се направи реконструкција во развојот на Академијата десна рака ќе му биде Чави Рока, исто како и Патрик, поранешен фудбалер на Барселона.