Македонија третпат во својата историја ќе гостува на Италија, а од претходните две средби имаме позитивни спомени. На првото гостување во Торино во 2017 година одигравме 1:1, додека свежи се сеќавањата од пред помалку од две години кога во Палермо ги шокиравме Аѕурите и ги победивме со 1:0 во меч од баражот за пласман на Светското првенство во Катар.
Токму за тој меч, многу македонски навивачи веруваа дека може да се случи чудо во Палермо и одиграа патриотски тикети во Sport Life. Коефицент за победа на Македонија во Палермо беше дури 16, па сите оние кои одиграа, на крајот имаа и полно срце со радост за триумф и полн џеб благодарение на погодениот тикет.
Сега повторно ова е меч на кој Италија многу ѝ значи. Аѕурите се во трка за пласман на ЕП 2024 година, додека за Македонија е дуел за престиж и докажување. Тоа значи дека притисокот е на страната на четирикратниот светски првак, додека нашите фудбалери ќе играат без некој посебен психички товар, што е само уште еден мотив плус да се обидат да изненадат.
Ако за дуелот во Палермо двојката беше со коефициент 16, сега таа е уште поголема. „Двојката“ се вреднува со коефициент дури 20, па веќе има оптимисти со патриотски тикети кои веруваат дека ќе им се повтори среќата од пред речиси две години, кога се радуваа и на победа и на добитен тикет.