Патуваа повеќе од 5.000 километри за да го гледаат Сити, завршија на шестолигашки меч

Навивач на Манчестер сити кој пропатува околу 5.000 километри за да ужива во гледањето на неговиот омилен тим, се разочара кога дозна дека дуелот со Вест хем е одложен поради ураганот Кјара кој го погоди британскиот остров. Американецот Мет Ренингер од Роуд Ајленд вели дека животна желба му била да го гледа Сити, а за летот до Англија со сопругата потрошиле над 3.000 долари.

Но, наместо да ги гледаат Граѓаните и Чеканите, поради невремето мораа да се помират со судбината, па на крај мораа да се задоволат со гледање меч на нисколигашот Алтринкам на стадион со 6.000 седишта и со посета на клупските простории и сликање во соблекувалната на Манчестер сити.

Мет и сопругата Миси во јуни треба да добијат дете и ова патување до Англија требаше да ги релаксира, а не да им приреди стрес. Инаку, тој станал фан на Сити во 2002 година, кога за инает на другарите кои на прочуената компјутерска игра ФИФА наместо со Манчестер јунајтед, како сите други, тој играл со Сити.

„На жена ми ѝ се допаднаа песните на навивачите на Алтринкам. Ќе се вратиме во Англија еден ден за да го гледаме Сити, тогаш ќе дојдеме со нашето дете. Можеби овојпат не ни било судено“, рече 33-годишниот Ренингер.

- Оглас -

Најнови вести