Пауло Соуса побегна од селекторското место во Полска и стана тренер на еден од најголемите клубови на светот

Довчерашниот полски селектор, Португалецот Пауло Соуса, неочекувано го напушти местото во националниот тим, кој во март треба да игра бараж за пласман на Светско првенство, а од вечерва и официјално тој е нов тренер на бразилски Фламенго.

Клубот од Рио де Жанеиро има огромен број фанови низ светот, пред две сезони беше и првак на Јужна Америка, а сега со 51-годишниот Соуса на клупата ќе се обиде да се врати на врвот.

Некогашниот фудбалер кој со Јувентус и Борусија Дортмунд ја освојуваше Лигата на шампионите, потпиша двегодишен договор со Фламенго откако претходно плати за да добие раскинување на договорот со Полска.

- Оглас -

Најнови вести